Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Индонезија има нов главен град

Muhammad Rizki

Индонезија има нов главен град

Парламентот на Индонезија одлучи државата да добие нов главен град, наместо сегашниот Џакарта.

Со истата одлука е определено Џакарта да добие посебен статус- како економски центар на земјата – додека административен центар и нов главен град во иднина ќе биде-Нуслантара.

Станува збор за град кој  се наоѓа во џунглите на Источен Калимантан, на островот Борнео  кој забрзано се гради и уредува за да биде седиште на државната администрација. Вредноста на целиот мега проект за новиот главен град , со преселувањето и со изградбата на сообраќајните врски, се проценува на над 32 милијарди долари.

Според објаснувањето на властите – целта за донесувањето ваква одлука била намерата за- „подобра распределба на богатството на земјата“, како и за подеднаков развој на целиот архипелаг  на кој е распостелена Индонезија. Но, главната цел е  да се растовари, од пренаселеност, островот Јава на кој се наоѓа Џакарта, кој сега е далеку поразвиен од другите делови на оваа голема азиска земја.

Владата  инсистира дека преселувањето на главниот град, далеку од сегашната локација, сепак, не смее да доведе до напуштање на Џакарта. Најавено е дека овој град и натаму ќе се развива за да може- како што се вели-  да се натпреварува со другите „големи градови од светска класа“.

Преселбата на државната  администрација  е предвидено да биде завршена до крајот на оваа година. Промоцијата на новата индонезиска  престолнина, меѓутоа,  ќе се изврши ова лето- кога во Нуслантара ќе се прославува државниот празник- денот на незвисноста.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе