Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Оскарите – Нолан и Стоун, Пачино и Скорсезе

Оскарите – Нолан и Стоун, Пачино и Скорсезе

Филмот „Опенхајмер“ на режисерот Кристофер Нолан стана апсолутен победник на годинешново 96- то по ред доделување на најпрестижната филмска  награда- наградата Оскар на американската филмска академија.

Филмот за „таткото“ на првата атомска бомба освои седум оскари, меѓу кои се и најважните- за најдобар филм и за најдобра режија, како и за најдобрата машка главна и  машка споредна улога.

Патентот на Луј Витон

Зад  победничкиот филм остана „Кутрите суштества“ на Јоргос Лантимос кој освои четири, награди, меѓу кои и Оскар за најдобра женска улога, за актерката Ема Стоун. За оваа 35 годишна актерка ова е нејзин втор Оскар. Првиот го освои во 2017 година за филмот „Ла Ла Ленд“.

Стоун ќе го памети годинешново доделување на „женскиот“ Оскар по солзите кои не можеше да ги сопре додека ја примаше наградата и по „киксот“ со нејзиниот фустан. Кога во моментот додека се искачуваше на подиумот , откажа патентот на грбот – на скапиот фустан на модната куќа Луј Витон.

На присутните, успеа некако, шеговито, но насолзена  да им рече – да не ја гледаат во грбот.

„Пропустот“ на Ал Пачино

Оние кои  со години го следат доделувањето на наградата Оскар, притоа се присетија дека и при првото доделување- пред седум години-  таа имаше инцидент. Тогаш го предизвика актерот Ворен Бити кој при доделувањето, погрешно најави друг актер, како победник.

Оваа година, тоа за малку ќе му се случеше и на 83 годишниот Ал Пачино, при доделувањето на  последната награда- за најдобар филм. Отворајќи го ковертот (со името на победникот) тој направи подолга пауза од обично, а потоа промрморе- „Ми се чини како да гледам дека пишува „Опенхајмер“.

Се мислеше дека сето тоа беше само изведба на актерот, но се покажа дека Пачино при тоа не ги прочитал ниту сите десет номинирани филмови, како што е редот,  па му беше забележано  за  „пропустот“. Некои дури мислат дека тоа го направил намерно, а други дека- заборавил.

Фијаско на Скорсезе

Два дена подоцна уследи и неговата реакција – во која тврди дека нема ни грешка, ниту самоволие, туку дека така му било речено од продуцентите на ТВ преносот. Односно дека тој се однесувал  така како што му било наредено.

Како и да е, годинешниот Оскар има регистрирано и еден голем губитник- и тоа еден од најпознатите холивудски режисери, Мартин Скорсезе.

Неговиот најнов филм беше номиниран за десет награди Оскар, но не освои ниту еден. Лошата судбина со оваа награда, велат, го следи со години на ред. Досега за своите дела има дури 16 номинации, од кои десет за најдобра режија. Но има добиено само еден Оскар – за филмот „Двојна игра“ во 2007 година.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе