Шарлроа- најлош аеродром во светот
Белгискиот аеродром Шарлроа, што е сместен недалеку од Брисел, е прогласен од патниците, посебно деловните луѓе, за најлошиот аеродром во светот- според бројот на патниците кои минуваат низ него- покажува анкетата која ја објавува порталот Business Financing.
Аеродромот е одалечен педесетина километри од главниот белгиски и европски град, до кои се стигнува за 45 минути со автобус, но иако ( практично) е дел од пошироката авионска мреже на Брисел и е позната дестинација за сите ниско-буџетски компании ( меѓу кои и Визер), меѓу патниците има крајно лоша репутација, поради неорганизираноста и редовната пренатрпаност со патници- проблем што никако не се надминува.
Најдобар – аеродромот во Ханој
На скалата со оценки од еден до десет, Брисел-јужен Шарлора, како што е службеното име на аеродромот, во анкетата има добиено најниска оценка- само 1,2. Пред него се и други два исто така означени европски аеродроми- Берлин Бранденбург во Германија и британскиот Лидс-Братфорд.
Како изненадување се смета резултатот од анкетата за тоа дека за најдобар аеродром е прогласен Нои Баи во Ханој, главниот град на Виетнам кој има добиено просечна оценка 6,8.
Бизнис и сообраќајни експерти, меѓутоа, објаснуваат дека првото место на ханојскиот аеродром се должи, пред се, на позицијата што оваа ( комунистичка) земја во Југоисточна Азија забрзано ја освојува- како популарна дестинација за странски инвестиции, која се отвори за Виетнам во сегашната кризна фаза на американско-кинеските односи.
Патниците за Нон Баи имаат речено дека станува збор за исклучително чисти терминали, за услужнен и љубезен персонал и за голем избор на најразлична храна. Уште два други аеродром од тој дел на светот се рангирани како втор и трет- аеродромите во Сингапур и во Хонг Конг. Овие два аеродром и досега беа рангирани при самиот врв.
Меѓу првите десет најдобро рангирани, само еден од од Европа- аеродромот во Хелсинки кој е поставен како пети најдобар во светот.
Ниски оценки за Лондон/Лутон
Ништо подобро не поминале ниту американските аеродроми кои постојано се полни со патници, како од САД, така и од секаде во светот, па така најдобро рангиран во оваа анкета е аеродромот во Чикаго, на 19 место. А лошо се оценети и британските аеродроми, посебно оние во и околу Лондон.
Најголемиот од нив во Британија и во Европа – Хитроу, на кого секои 30-40 секунди слетува еден авион- некако ја одржува својата репутација. Но, лоши оценки му се дадени на третиот по големина аеродром во британскиот главен град- Станстед. А, особено ниски оценки има за петиот по големина и значење аеродром- Лутон, каде слетуваат и од каде полетуваат авионите за и од Скопје .
Аеродромот Лутон, како и белгискиот Шарлроа се означуваат како своевидни база за сите европски ниско-буџетски авионски компании.