Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Само три лица во светот патуваат без пасош

Само три лица во светот патуваат без пасош

Пасош е неопходен за патување низ светот, но три лица на планетата Земја можат да патуваат ( и патуваат) без оваа патна исправа. Едниот е  британскиот суверен ( кралицата или кралот на Обединетото кралство), а другите двајца се јапонскиот император Нарухито и неговата сопруга, царицата Масико.

Во Европа тоа е британскиот крал Чарлс Трети кој таа привилегија ја има наследено од неговата мајка, кралицата Елизабета Втора , која синот ја наследи на престолот по нејзината смрт на 8 септември 2022 година.

Чарлс, Нарухито и јапонската царица

Но овој исклучок се однесува само за кралот ( или на кралицата, доколку жена е на тронот), а не и за другите членови на кралското семејство. Порано, на пример,  без пасош низ светот ( и во земјите на британскиот Комонвелт) патуваше само британската кралица, но не и нејзиниот сопруг, принцот Филип. Сега, Чарлс може да патува во било која земја- без оваа патна исправа- што не важи и за кралицата Камила, која поседува дипломатски пасош.

Американската телевизиска компанија CNBC,  која ја објаснува оваа ситуација, за случајот со јапонскиот суверен вели дека уште во 1971 година, владата во Токио има публикувано докумет во кој се вели дека – би било крајно  „неприкладно да му се дава пасош на императорот, или на царицата“ . Односно дека е неприкладно јапонскиот император да се изложува на визна и имиграционата процедура – што значи, да поседува и прикажува пасош, како да е обичен граѓанин.

Но, како и во случајот со британското кралско семејство и во јапонскиот случај оваа привилегија ја имаат само императорот и неговата сопруга. Сите другите од семејството, па дури и јапонскиот престолонаследник и неговата сопруга, мора да имаат дипломатски пасоши.

„Неприкладна“ процедура

Кога ќе пристигнат во некоја земја, од јапонскиот цар се бара само да поседува документ ( издаден од земјата домаќин) со кој таа,  однапред, се известува дека императорот на Јапонија и  неговата сопруга доаѓаат во посета.

Слично е и во случајот на британскиот крал, со таа разлика што Британците за тоа имаат определено посебен човек.

Тоа е личниот секретар на Чарлс кој на таа позиција е од 2006 година- една година по венчавката на Чарлс и Камила-  кој во Британија важи за еден од најдоверливите кралски советници. Само тој ( а не владата ) ја известува земјата во која кралот патува, за неговата посета, било да оди сам, или со својата сопруга.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе