Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Барање за санкционирање на сајбер криминалот кон жените

Барање за санкционирање на сајбер криминалот кон жените

Албанската асоцијација за заштита на женските права, бара од владата во Тирана да се третира како сериозно кривично дело сајбер криминалот , посебно кога како жртви се јавуваат жените. Ваквото барање доаѓа откако од почетокот на годината, се регистрирани две самоубиства на жени, по појавувањето на- за нив-  компромитирачки фотки на социјалните мрежи.

Уценување со ТикТок

Локалните медиуми јавија дека една 27 годишна жена се самоубила, кога еден ТикТок инфлуенсер  ја има уценувано дека  ќе објави на интернет фотографии кои ќе бидат „непријатни за неа и сериозно ќе ја компромитираат“ во јавноста.

Полицијата успеала да го најде и да го уапси уценувачот кој беше обвинет за предизвикување самоубиство. Медиумите имаат барано и изјава од ТикТок, но колку што се знае, засега, од таму не е стигната никаква реакција.

Случајот предизвика бранување во албанската јавност, затоа што ова самоубиство беше второ по ред за кусо време. Предизвикано од  заканување со публикување интимни фотоси на интернет- појава која изгледа дека станува се почеста, предизвикувајќи вознемиреност во јавноста и страв и гнев меѓу жените.

Страв и гнев меѓу жените

Анита Луши, координатор на организацијата за унапредување на правата на жените, изјавила дека станува збор за нова и растечка форма на криминал и над се, насилство врз жените. Според неа, владата, затоа,  не може да седи настрана и да се однесува како обичен посматрач, поради што се бара криминализација на сајбер насилството.

Во Тирана се вели дека загрижува што не само властите, туку никој не знае колку од самобиствата во земјата се врзани за уценување со интернет и со вакви инциденти во кои две млади жени си го одзедоа животот.

Случаите од Албанија, сепак,  не се осамени во Европа. Присутни се и во земјите од  ЕУ, па на почетокот од оваа година Европската комисија донесе нова директива за справување со онлајн криминалот во сите форми, а посебно за заштита на жените.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе