Бунт против ултрадесницата во Германија
Околу еден милион луге излегоа на улиците во градовите низ Германија , во текот на изминатиот викенд , на протести против ултрадесницата и против десничарскиот екстремизам, изразувајќи и на тој начин и подршка на демоктратијата во земјата .
Според извори на полицијата, од петокот , до неделата демонстрации против ширењето омраза и нетрпеливост меѓу лугето од различна етничка и расна припадност, како и против десничарењето, се одржани на над 100 локации низ земјата.
Гермаците , вклучувајќи ги и оние родени многу години после војната во Европа, ги знаат и се уште ги учет лекциите од времето на нацизмот и на нацистичката пропаганда, затскриена зад демагошките пароли дека (наводно) – се „ штити германската нација и се брани чистотата на германскиот идентитет“- па затоа излегоа на масовни протести, претворајќи ги во своевиден бунт на демократска Германија.
Нема место за нацистите
Не е затоа случајно што луѓето носеа пароли дека -„Нема место за нацистите“ во германското општество и во германската политика-изедначувајќи го сегашниот бран од екстремизам со раните почетоци од раѓањето на нацистичкото ултраштво , во триесетите години на 20 век.
Малкумина од тогашните Германци и јавноста од тоа време, му се имаат спротивставено на нацизмот. Задоволувајќи се само со игнорирање на нацистите како – „минорна, смешна дружина на фрустрирани типови“, која своите собири ги одржува во пивници.
Задоцнетото реагирање на германската јавност од пред 90 и повеќе години, но и на Европа од тоа време, доведоа до нацистичката диктатура во Германија , а потоа и до најголемата и најкрвава светска војна во историјата.
Таа лекција не би требало да се заборави- посебно не во Германија- и затоа повеќе од една недела германските градови беа сцени на кои луѓето масовно, на улиците, ја бранеа демократијата.
„Одбрана на републиката и Уставот“
Германскиот претседател Франк Валтер- Штајнмајер, во видео порака им се заблагодари на демонстрантите за како што има речено „нивната посветеност на демократијата“- истакнувајќи дека луѓето на улиците- всушност „ ја бранат републиката и германскит Устав од непријателите“.
Со порака за подршка и благодарност се огласи и канцеларот Олаф Шолц, а министерката за внатрешни работи Ненси Фезер оцени дека илјадниците луѓе на улиците, ја „бранат германската демократија„.
Во некои градови целиот гнев беше директно насочен кон крајно-десничарската партија АфД (Алтернатива за Германија), против која се извикувани пароли дека – омразата која тие ја шират е опасна.
Демонстрантите порачуваа дека – „омразата е болест која го прави човекот болен“, споредувајќи ги притоа афдовци со нацистите и заговарајќи оваа партија да се забрани, како опасна за германското општество и за германската демократија.
АфД за „Мастер План“
Бунтот против ултрадесницата го предизвика откритието дека во ноември, изминатата година, Алтернатива за Германија била дел од тајната средба во Потсдам, во Источна Германија“, на која се состанале високи функционери на АфД , како и неколку други екстремистички групации , како приватни лица. Еден од тие (велат) бил потомок на некогашниот канцелар Ото Бизмарк.
На состанокот биле и двајца членови на десницата во Христијанско-демократската унија (ЦДУ) која, како партија ги подржуваат и ги охрабруваат протестите, потоа претставници на крајно конзервативната Верте Унион, која ја чинат десничари кои ги напуштиле партиите ЦДУ/ЦСУ и сега најавуваат дека со своето членство (од околу четири илјади), ќе дејствуваат надвор од овој блок.
Средбата се одржала во еден мал хотел и на неа бил и Австриецот Мартин Зелнер , ултрадесничар кој има теорија на заговор за тоа дека „постоел план- мигрантите да го заменат европското население“.
Ваквото друштво разговарало за тоа дека треба да се стави ред, нудејќи „Мастер план“. Според планот, во Германија треба да се изврши масовна депортација на мигрантите, на сите азиланти кои чекаат да добијат азил, но и на германски државјани кои имаат странко потекло, а за кои оваа дружина на екстремисто смета дека „ не успеале да се интергрираат во германското општество“.
Ултрашите заговараат масовна депортација
Средбата не е иста како онаа, кога во мал хотел во баварските Алпи е договарано и било договорено „финалното решение“ на нацистите за елиминација на Евреите, Ромите, Словените и за „прочистување на германската раса“ .
Но, во Германија која остана во шок после откритието , се смета дека состанокот во Потсдам, за кој се разбра дури на 10 јануари, е сосема налик на таа од пред девет децении, па затоа и има предизвикано тревога во домашната јавност. Посебно со предвидениот план за т.н. „Ремиграција“ против кој се покрена на бунт демократската јавност.
Сето ова доаѓа во време кога АфД бележи раст на анкетите за популарноста на партиите на кои оваа крајнодесничарска партија, создадена пред десет години во Дрезден, во Источна Германија беле пораст. Ссга таа има рејтинг од 21 отсто, па се јавува како втора партија, после ЦДУ, додека на Истокот во Германија е прва во три тамошни сојузни држави.
Притисната од бурната реакција на јавноста и пред дебатата во Бундестагот за состојбата со демократијата во земјата, АфД се обидува да се вади, за да не дојде до тоа- Уставниот суд да расправа за нејзината демократска подобност.
Десничарите „бегаат“ од Потсдам
Во АфД , сепак, признаваат дека биле на состанокт, но дека „Мастер Планот“ за протерување странци е предлог на Австриецот Зелнер, како и тоа дека тие не го одобруваат.
Наместо тоа, оваа партија, која почна како евроскептична и воопшто – против естаблишментот- сега сака да се прикаже како анти-ЕУ партија , што инаку е моден фазон на сите европски ултрадесничари, кои пред избори, се откажуваат од евроскептицизмот.
АфД сега се прикажува анти-Брисел затоа што ги брани германските фармери, тврдејќи (неточно) дека им се укинува субвенцијата на горивото за земјоделски машини, затоа што тоа го барала Европската комисија.
Се покажа дека и тоа е евтин популизам, бидејќи во сите свои програми АфД се декларира за укинување на сите државни интервенции и за слободен пазар. Во една ваква ситиација, лидерката Алис Вејда побрза да се пофали дека- ако партијата победи на избори во Германија- ќе распишела референдум за излез на земјата од ЕУ.
За неа, пак, се вели дека и самата е сосема спротивна од позициите на партијата – има потекло од имотно семејство, таа е геј која живее со својата партнерка – емигрант од Шри Ланка, со која има две деца. Дури и не живее во Германија, туку во Швајцарија.
(О.У.)