Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Скопје четврта европска дестинација за предбрачни журки

Скопје четврта европска дестинација за предбрачни журки

Истражувањето што го има направено Slot Day за тоа како котираат европските главни градови – за организирање и за провод, за предбрачна журка- покажува дека Скопје е виско рангирано како четвртата најповолна локација во Европа.

Пред главниот град на Северна Македонија, се рангирани – Лондон,  како најпримливата дестинација за предбрачна забава на идните невести и младоженци, заедно со друштвото што тие го имаат одбрано. На второ место е Прага, а како трета е рангирана Софија.

Ноќен живот и евтино сместување

На листата од првите десет главни градови, после Скопје се Тирана и Букурешт, а потоа Белград, Варшава, Берлин и Сараево.

Најмалку пожелни главни градови за ваков вид журки се прогласени Рејкјавик, на Исланд , како и Берн, главен град на Швајцарија и Валета, на Малта. Главната причина за ваквиот нивни пласман е или малата понуда на места за забава и провод, или високоте цени за сместување.

Ранг-листата е направена врз основа на анализата за квалитетниот ноќен живот, забавувањето и цените на сместувањето. Истражувачкиот тим се фокусирал  на високо оценетите објекти за ноќна забава во секоја од овие престолнини- наведени во TripAdvisor, а посебно оние кои имаат добиено четири или над пет ѕвездички.

За да се определат цените и трошоците за сместување, екипата истражувачи се определиле за цените за три ноќевања , за група од десет лица кои би делеле соба за двајца- колку што се претпоставува дека идните невести и младоженци би поканиле на една журка пред стапувањето во брак.

Потрага по нови дестинации

Лондон, во секој случај, е оценет како најдобрата и најпримамлива дестинација за вакви забави, најмногу затоа што има уверливо најголема понуда од над 855 високо оценети, барови, клубови и пабови, иако е најскапата локација, кога ќе се земе во предвид сместувањето.

Мајкл Слот, водач на истражувачкиот тим и новинар има изјавено дека целта на нивното истражување била да се види каде може да се прават предбрачни журки, забави и да се има тридневен провод, а да тоа не биде некаде  во Франција, Шпанија или Португалија, каде тоа најчесто се прави.

„ За мене и за тимот, на пример, најголемото изненадување е Скопје. Но, и Сараево и Тирана, каде и во трите локации откривме дека постојат сите квалитетни услови за добра забава и добар провод, Утврдивме дека овие главни градови нудат добар баланс меѓу ноќниот живот, пристапните цени и хотелите“- има речено Мајкл Слот.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе