Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Скапоцениот прстен во хотелската правосмукалка

Скапоцениот прстен во хотелската правосмукалка

Еден скапоцен прстен , проценет на 800 илјади евра, беше најден во правосмукалка на елитниот париски хотел „Риц“ – откако околу неговото исчезнување се развија разни приказни за тоа дека исчезнал, или дека бил украден.

Во случајот од почетокот беше вклучена француската полиција, како и локалните весници, кои од тоа направија мал скандал, како поради тоа што се случува во хотел каков што е „Риц“ каде престојуваат само гости од богатиот свет и разни ѕвезди, кои не сакаат вакви афери, но и поради цената на која беше проценет прстенот.

Според парискиот весник „Паризиен“ најдениот прстен и е предаден на полицијата, која ќе треба да и го врати на сопственичката, една бизнисменка од Малезија, која живее во Лондон и која во меѓувреме си заминала од францускиот главен град. Но, весникот вели дека и покрај ваквиот епилог, сите сомнежи и недоразнирања околу случајот  остануваат и натаму отворени.

Прстенот го пронашле припадниците на хотелскиот безбедносен тим после- како што се вели во соопштението на управата на хотелот- тридневно интензивно  трагање по скапиот прстен на гостинката. За „Риц“ прстенот  бил „загубен“ , па управата затоа  нема намера да се извинува за сето она што се случило.

Гостинката, меѓутоа, и натаму не ја прифаќа верзијата на хотелската управа, тврдејќи дека прстенот и бил украден, но кога таа подигнала тревога и ја известила полицијата, а управата на „Риц“ се исплашила од негативниот публицитет, прстенот бил вратен, па се измислила приказна дека е најден во правосмукалката со која се чистела собата.

Сопственичката на париската полиција им изјавила дека таа го оставила својот прстен на една од масичките во собата, пред да излезе во шопинг. Кога се вратила прстенот го немало.

Приказната на „Паризиен“ добива на драматика , откако весникот посочува дека не е прв пат во „Риц“ да се случуваат вакви работи и потсетува на еден грабеж од пред пет години, кога украдениот накит не беше пронајден. Но, весникот прашува и како било можно – скапоцен прстен да се осави – туку, така- во хотелска соба.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе