Путин (сепак) му се одмазди на Пригожин
Во авионска несреќа, што се случи во Тверската област, во поширокиот реон на Москва, загинаа сите десет лица кои беа во приватниот авион „Embraer Legacy” – седумина оатници и тројца членови на екипажот.
Во соопштението на руските власти кое го пренесуваат државните, прокремљовски медиуми, се вели дека на списокот на патниците биле и Евгениј Пригожин, лидер на паравоената , платеничка војска Вагнер, како и неговиот прв заменик , воениот командант на платениците, инаку поранешен руски генерал, Дмитриј Уткин.
За него се вели дека заедно со Пригожин ја имаат создадено паравоената војска во 2014 година, која името го има добиено според прекарот „Вагнер“ кој го имал Уткин.
Вагнер најавува одмазда
Нема (засега) прецизна информација дека Пригожин е меѓу загинатит патници, односно дека е мртов, туку само тврдењето на Росавијација дека лидерот на Вагнер бил на списокот на патниците, пријавени за летот од Москва за Санкт Петербург, каде вагнеровци изградија свој деловен центар, претворајќи се во некаква „безбедносна компанија“.
Групата Вагнер, сепак, прва потврди дека нивниот лидер е загинат, или како што велат – ликвидиран, па веќе најавуваат и одмазда.
„Многумина сега зборуваат за тоа што ќе направи Вагнер во ваква ситуација. Ќе речеме само едно-ние тргнуваме. Очекувајте не„- се вели во видео снимката на вагнеровци ставена на социјалните мрежи, набргу после веста за падот на авионот.
Не се знае кому е упатена пораката и какви се нивните сознанија дека не станува за авионска несреќа, туку дека станува збор за ликвидација на Пригожин и на Уткин. Како што не се знае ниту тоа, како прифатиле заедно да бидат во ист авион, на ист лет.
Руските служби, во свој стил највуваат детална истрага, за која некои во Москва, велат дека уште од сега може да се знае што таа ќе заклучи.
Бунтот го понижи претседателот
Особено што низа елементи врзани за летот и за падот на леталото, оставаат простор за сомневање, кога се знае кои беа патниците и што се случуваше во Русија меѓу 23 и 24 јуни.
Во деновите кога Пригожин и Вагнер покренаа неуспешен бунт против воениот врв на Русија- освоија без отпор град каков што е Ростов на Дон, уништија два воени авиони и еден хеликоптер, при што беа убиени неколку руски војници, а потоа тргнаа кон Москва.
Застанаа на 200 км од главниот град, не наидувајќи до таму на воен отпор и после договорот со Кремљ, одлучија да го прекинат бунтот и да се вратат во своите бази во (окупирана) Источна Украина.
Но, притоа, многу го понижија Владимир Путин , чија апсолутна власт и моќ изгледаше недопирлива. Путин и Кремљ (јавно) како божем правеа договори за смирување на кризата, а претседателот настојуваше да остави впечаток како ништо во Русија да не се случило.
Крајно необично за руската пракса, никој после сето тоа, не беше (јавно) казнет и деградиран, освен генералот Сергеј Суровкин кој ,веројатно, единствен од воениот врв го подржал бунтот.
Очекувана казна за бунтовниците
Пригожин, пак, беше испратен во доброволно изгнанство во Белорусија, од каде тој веднаш почна да патува низ Русија, движејќи се меѓу Сенкт Петербург и Москва, како слободен руски граѓанин. Дури , облечен во цивилна облека, тој се појави и на самитот Русија- Африка, чиј домаќин беше рускиот претседател, разговарајќи со некои од африканските политичари.
Изгледаше нелогично и траги-комично на еден дисидент, каков е Алексеј Навални, казната постојано да му биде надградувана, за да стигне до 19 години затвор, а Евгениј Пригожин, организатор на бунт, што самиот Путин го оквалификува како „предавство“ да се шета слободен и уште во Кремљ да пие чај- сам со претседателот на Русија.
На западот од Европа, затоа, никој не веруваше во ваквата лажна идилична атмосфера во една земја каква е Русија, каде се ликвидира за многу помал грев .
Посебно кога некој се има осмелено да му го урниса угледот на Путин- дома, но и во странство- па само прашање на време беше кога Пригожин ќе плати за сето она што го направи и на кој начин ќе плати за своето неверство и нелојалноста кон човекот што го има создадено.
Вертикално пропаѓање на авионот
Руските режимски медиуми веднаш почнаа со приказните за „технички проблеми на авионот“ , иако пилотите немаат јавено дека имаат било каков проблем. Неднаш работите се имаат изменето во последните 30 секунди од летот, кога авионот почнал да ја губи височината.
Според луѓето од сајтот „Flightrader24″ кои ги следат летовите на авионите низ светот, во 04, 19 часот ( по средноевропско време) , леталото нагло тргнало -вертикално- надолу. Авионот бил на височина од 8500 метри, кога за неполни 30 секунди има загубено 2400 метри. Од овој сајт објаснуваат дека пред ова драматично губење на висината , немало никакв навестувања дека нешето не е во ред со авионот. На видео снимката авионот брзо се струполува со носот на леталото кон земјата. ревтикално поставен, со пареа (чад) зад себе.
Институтот за проушување на војните (ИСВ) го анализира падот на авионот во кој бепе Пригоѓин и не верува дека станува збор за несреќен случај. Затоа што после бунтот на Пригожин, Министерството за одбрана на Русија и Кремљ сакаа да се ослабне неговиот авторитет, па се смета дека ликвидацијата на водството на Ванер , што било чувана како последниот чекр за целосното елиминирање на Вагнер како независна ( воена) организација.
ГРУ извршител на ликвидацијата ?
Руски инсајдерски извор, поврзан со руските тајни служби, тврди дека избрзаното заминување на Пригожин во Африка и брзото враќањето од таму, само ги има забрзано плановите на тајната служба ГРУ целосно да се поткопа и да се елиминира присуството на Вагнер на африканскиот континент.
Истиот извор тврди дека генералот Андреј Аверјанов, заменик шеф на ГРУ, раководел со операцијата за оневозможување на делувањето на вагнеровци во Африка.
Односно, дека Москва веќе обучува свој, посебен воен корпус од 20 илдади лица кои ќе ги заменат и Вагнер и Пригожин, на што сега ликвидираниот водач на платениците остро се спротивставувал.
Институтот за војни сега смета дека Пригожин отпатувал во Африка, од каде за последен пат се огласи, пред некој ден, одново во својата војничка униформа, само за да покаже дека продолжи со регрутирањето платеници- за да Вагнер и натаму остане независна организација од руското Министерство за одбрана.И од контролата на Кремљ.
Наредба издадена од Кремљ
Експертска проценка е дека Пригожин арогантно и самоуверено се преценил себе си, а посебно, го потценил Путин.
Или, пак, наивно верувал во некогашното пријателство со Путин- кога рускиот претседател на свечен ручек го има однесено и Жак Ширак, во еден ресторан на Евгениј Пригожин – и во договорите што ги направи со Кремљ по бунтот.
Излезе дека својата ароганција ја има платено со животот, затоа што се открива дека генералот на ГРУ Аверјанов стои и зад обидот за ликвидација на Сергеј Скрипал во англискиот град Солзбери, каде овој екс разузнавач на КГБ сега живее како руски десидент.
Мнозинството странски аналиттичари, затоа, се сигурни дека лидерот на Вагнер е ликвидиран по наредба на рускиот претседател.
Дури и директната команда да е дојдена од Сергеј Шојгу и од началникот на војската Герасимов, сигурно е дека таа не била можна без знаење и согласност на Владимир Путин. Се смета дека рускиот претседател можеби заклучил дека Вагнер веќе е довоно одделен од Пригожин, па дека тој може да биде убиен без последици по вкупната руска безбедност.
(С.С.Г.)