Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Терор на милитантните анти-ваксери

Терор на милитантните анти-ваксери

Случајот со теророт на милитантните антиваксерски групи и медиумите кои ги подржуваат, оригинално потекнува од Ирска, но тој  може да е и од Британија, или Германија. Може да се има случено и во  Америка, но и на Балканот- во Србија, или во Македонија, на пример.

Анти-ваксерите постоеја  и порано, делувајќи како маргинални, иако влијателни групи  меѓу делови од населението, ширејќи лажни теории и приказни против вакцините.

Посебно влијателни (и сега) се меѓу оние кои наивно веруваат во разните  теории за некакви „големи“  заговори. Значително се намножија и опасно се засилија за време и после пандемијата со корона вирусот. Меѓутоа, станаа опасни кога се врзаа за десничарската идеологија, претворајќи се во  едно од орудијата на крајната десница.

Поврзани со крајната десница

Во Британија се поврзани со оние кои пропагираат ултра-десничарење. Во Германија се врзани за тамошните неонацисти и за десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД). Во САД се намножија со десницата на Доналд Трамп, неговиот конзервативизам и често нескриени ксенофобија и расизам, па така и тие се најдоа меѓу оние маргиналци во општеството- расисти и десничари-  кои пред 2,5 години ќе правеа пуч во Вашингтон, против новоизбраниот американски претседател.

На Балканот, во Бугарија, на пример, анти-ваксерите се врзани за националистите и за русофилите. Во Србија се блиски до  тамошната десно ориентирана власт, со конзервативците , националистите и со црквата.

Во Македонија, пак, како и во соседството,  тие исто така се дел од силно националистичкиот , лажно патриотски определен  табор ( во македонскиот случај)  под контрола на вмровската опозиција, блиска до Русија, а одалечена од Европа, кои исто така како и оние лузери околу Трамп,  ќе правеа пуч против новоизбраната власт.

Протести против вакцинацијата

Во време на короната, целата македонска опозиција беше против вакцинирањето. Осудувајќи ги сите владини мерки, дисквалификувајќи го министерот за здравство и создавајќи за него лажни афери  , иако тој ја имаше подршката од мнозинството од населението, како и демонстрирајќи против вакцинацијата и епидемиолошките мерки, што инаку ги применуваше Европа и целиот разумен свет.

Во Република Ирска, земја во која премиерот е лекар, по целосното повлекување на пандемијата, локалните анти-ваксери  одлучија да создадат криза која само покажува за какво деструктивно и милитантно движење станува збор.

Кризата ја создадоа еден локален весник – „Ајриш Лајт“, силно анти-ваксерски определен и неговата главна уредничка  кои упорно војуваат со вистината, продавајќи ја својата лажна теорија за вистинита, притоа, безобзирно клеветејќи ги луѓето кои не се согласуваат со она што тие го продаваат- со антиваксерството.

Лажната приказна на „Ајриш Лајт“

Весникот објави дека едно 18 годишно момче починало како последица на примената „лоша вакцина“ протв Ковид. Се покажа дека ваквата новинска приказна не само што е лажна. туку е и целосно невистинита.

Момчето воопшто не било вакциниано, а освен тоа, во средината на 2021 годин, се самоубило. Тоа е единствената  причина за неговата смрт, а не онаа што ја има измислено весникот.

Несреќната мајка (Едел Кемпбел) гневна што трагичниот настан во семејството се злоупотребува за грда кампања на анти-ваксерите, побарала од редакцијата да не се објавува името на нејзиниот син и неговата фотографија.

Но, наместо разбирање за молбата, главната уредничка Џема О Доерти , во следниот број на весникот го објавува името на синот на Едел, заедно со имињата на 41 лице за кои таа, без докази тврди дека сите  се „жртви на нетестираната вакцина против Ковид“.

Мајката го тужи весникот

Весникот, меѓутоа, си прави своја  приказна дека сите тие се „жртви“  на вакцината која им се давала на луѓето без претходно темелно да се провери и испита .

При тоа, самата редакција  не смета дека  требало, шретходно,  да консултира  експерти кои би ги потврдиле „теориите“ на антиваксерите за „опасните“ вакцини. Ниту, пак, да истражи  како и зошто „сомнително“ починале лицата кои „Ајриш Лајт“ ги посочува ( без согласност на семејствата) дека се жртви на анти-ковид вакцината.

Мајката тогаш , бара помош од една адвокатска канцеларија и покренува тужба  против редакцијата на весникот и неговата главна уредничка за вознемирување и за клевета.

Според ирските и британските медиуми  овој случај во Ирска е прв досега , во кој член на семејството на починатиот , уште и мајка, поднесува тужба на суд против оние кои шират една ваква, груба, неодмерена и крајно нечувствителна теорија на заговор.

Тероризирање на тужителката

Кога изгледаше дека случајот ќе заврши на суд, како во секоја правна држава, Едел Кемпбел и нензиниот адвокат станаа жртви на грубо злоставување од страна на анти-ваксерите, од оние кои ја измислија  лажната сторија за смрта на момчето.

„Ајриш Лајт“ на неколкупати ( како велат медиумите) грубо ја има тероризирано  мајката на починатиот, како и нејзиниот адвокат, на што се приклучиле бројни читатели, сите тврди анти-ваксери .

Адвокатот за Би-Би-Си има изјавено дека „она што го прави весникот е шокантно и одвратно“ .

Според него таквиот терор на анти-ваксерите го објаснува несакањето на другите семејства, чии починати беа лажно претставени дека умреле од анти-ковид вакцината,  да се приклучат на тужбата на мајката Едел. Луѓето рекле дека не сакаат да бидат малтретирани.

Повици да се убие адвокатот

Како напад и силеџиство се квалификуваат навредите од страна на главната уредничка која во својот коментар ја обвинува Едел Кемпбел дека – „лаже и дека е ментално нестабилна жена “. Односно дека е „вклучена во големата измама со анти-ковод вакцините“.

Анти-ваксери во анонимни повици до адвокатската канцеларија им се заканувале на другите вработени, а на интернет се појавувале текстови во кои се повикува адвокатат на несреќната мајка да биде убиен.

Работите не се отидени до таму, но конечно, во случајот се вклучува ирската полиција која има покренато службена истрага, а судот во Даблин и забранил на главната уредничка да и се приближува на тужителката.

Случајот , на крајот, ќе треба да добие судска завршница. До тогаш, весникот продолжува со својата измислена приказна- обвинувајќи ги владата и лекарите дека „ ја сокриваат вистината за оние 41 необјаснето починати“.

Нема никаква мистерија

Во меѓувреме другите медиуму имаат откриено дека мнозинството од  овие луќе се починати од некоја болсет, без врска со ваккцините, или во несреќни случаи. Оние кои сакаат да веруваат во некакви теории на заговор и во овие сознанија, добиени од роднини на умрените, ќе бараат и ќе наоѓаат „тајни заговори“.

Медиумите во Лондон потсетуваат дека анти-ваксерите манипулираат со дел од јавноста, илустрирајќи го тоа со службениот податок дека во текот на масовната вакцинација- како последица на некои компликации- во Британија од вакциите се починати 55 лица. Од над 50 милиони вакцинирани.

Би-Би-Си затоа во ваквата тврда, милитантна, кампања на „Ајриш Лајт“ открива политика- да и се напакости на владата и да се клеветат медицинските луѓе кои повеќе од две години се бореа со пандемијата. Ирскиот весник е поврзан со англиската ултра десница која  повикува и за убивање политичари и лекари, но  и со германските неонацисти и со германските десничари-  кои беа откриени дека планираат пуч.

(Д.Л.)

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе