Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Сега Путин создава приватна војска

Сега Путин создава приватна војска

Влдимир Путин создава своја мрежа од некакви мистериозни приватни војски, во форма на компании низ Русија, за кои засега не се знае зa каква цел му се потребни на шефот на руската држава.

Европските (руските независни) медиуми веруваат дека тие би требало да делуваат како заштита од уште еден можен бунт како тој што го предизвикаа „вагнеровци“ пред крајот на јуни.

Специјални претпријатија

„Бизнис инсајдер“ посочува дека плановите за создавање воени компании, или како се нарекуваат- специјални претпријатија- се споменуваат во новиот закон со кој се подига горната старосна граница за служење војска во Русија.

Целта на ваквите претпријатија треба да биде „сузбивање  на можни саботажи“, како и на секаков вид внатрешни закани.

Вака барем оваа законодавна новина ја објаснуваат во Одборот за одбрана на руската Дума (Долниот дом на Парламентот) каде предлог-законот е ставен во процедура.

Страв од нов бунт

Овие законски новини доаѓаат само еден месец по бунтот на воените единици Вагнер, кога приватната платеничка војска на Евгениј Пригожин го освои без борба и без никаков отпор од руските безбедносни сили градот Ростов на Дон, а потоа се упати кон Москва.

Војската Вагнер не стигна до Москва, откако Пригожин се спогоди со Путин- за себе и за своите војници.

Пригожин помина без казна (барем засега), а Кремљ сепак покрена истрага, но и масовна  потрага по предавниците во армиските редови, меѓу генералскиот состав и меѓу старешините со високи чинови.

Се смета дека затоа, рускиот претседател кој и онака важи за човек кој им верува само на малкумина околу себе , после бунтот на Вагнер,  никому повеќе не му верува и дека  стравува  од евентуален друг ваков бунт.

Под  команда на претседателот

Новиот закон сето тоа  треба да го спречи,  затоа што новите путинови милиции – формално- ќе бидат под контролата на регионалните гувернери , но, сепак,  ќе бидат под директна команда на Путин кој треба да даде согласност за нивното покренување во акција.

Европски политички и воени аналитичари проценуваат дека вистинската задача на овие приватни војски ќе биде заштита на руските граници и борбата со илегални, субверзивни групи , како и против разни видови саботажи и дејствувања на разузнавачки организации.

Русија има своја Национална гарда чија задача, меѓудругите, беше  да го спречи Вагнер од неговата офанзива и да ја брани Москва.

„Последица на војната во Украина“

Но, се смета дека гардата има целосно потфрлено во тие јунски настани и дека воопшто  не интервенирала, иако тогаш  се јавуваше дека и била дадена  команда за дејствување.

Самиот Путин, меѓутоа, е заштитен во неколку безбедносни нивоа. Но, вагнеровци покажаа  дека рускиот претседтелл и не е толку  силно заштитен како што се веруваше до 23/24 јуни.

Поранешен руски разузнавач изјавил за европски медиум дека ваквата интервенција на Кремљ и создавањето на путиновите милиции е последица на војната во Украина.

Односно се реакција на  опасноста- натамошните неуспеси на фронтот- да го загрозат  опстанокот на Владимир Путин на врвот, па тој да  биде тргнат од власта.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе