Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Кина: Шефот на дипломатијата сменет поради прељуба?

Кина: Шефот на дипломатијата сменет поради прељуба?

Министерот за надворешни работи на НР Кина, Чин Ганг (57) во вторникот беше неочекувано сменет од функцијата, со одлука на највисокото партиско тело, a на вонредна седница на одборот за надворешни работи на Националниот конгрес. На функцијата беше само   седум месеци.

Ваквата одлука која е невообичаена дури и за земја каква што е Кина, доаѓа после едномесечното (необјаснето)  отсуство  на министерот и неговото  непојавување во домашната  јавност и на меѓународниите средби на кои Кина беше учесник.

Едномесечно отсуство

Пред малку повеќе од еден месец Ганг се сретна и разговараше со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Потоа имаше средби со дипломатски претставници на Шри Ланка и на Виетнам.

Последен пат беше виден во јавноста како  разговара со рускиот заменик министер Андреј Руденко кој во Пекинг престојуваше за да ја има извести кинеската страна за  случувањата во врска со неуспешниот бунт на паравоената група Вагнер.

Од тогаш Ганг го снема во јавноста, а кога кинеското министерство за надврешни работи ја откажа договорената средба на министерот со Јосеп Борел, шефот на дипломатијата на ЕУ, предвидена за 4 јули, стана јасно дека нешто се случува во врвот на кинеската политика.

Пекинг се обиде да го минимизира откажувањето на средбата  со едно кусо објаснување дека до тоа доаѓа поради „болест на министерот“, без   било какво натамошно објаснување.

Метеорски успех

Од тогаш , меѓутоа, министерството  за надворшни работи престана да го споменува својот министер, како тој да не постои и тоа траше три недели- се до 25 јули кога беше соопштено дека Ганг е сменет, а дека на неговата функција  се враќа  неговиот претходник- Ванг Ји (69).

Тој беше шеф на кинеската дипломатија девет години, од 2013 до пред крајот на 2022 година, кога на тоа место беше поставен 12 години помладиот Ганг. За Ји се вели дека му е „бескрајно лојален“ на лидерот Си Џинпинг. Се верува дека Ји на позицијата ќе остане до март идната година, кога се очекува да се именува нов министер.

Сега се потсетува дека и Ганг  важеше за „мошне близок со Си“ со кого дури има и работено како негов советник, задолжен да ги подготвува патувањата на семоќниот лидер во странство.

За него, затоа и се вели,   дека има постигнато метеорски успех во кариерата.

Си го „приземји“ Ганг

Беше означуван како политичка ѕвезда која брзо се искачува кон врвот. Блискоста со Си му помогна прво да биде именуван за портпарол на министерството за надворешни работи во Пекинг, па заменик министер.

Од таа позиција беше испратен за амбасадор на Кина во САД. После 17 месеци поминати во Вашингтон,  беше поставен за министер за надворешни работи.

Ганг, сепак, беше брзо „приземјен“,  па неговиот политички ментор Си- (велат) без многу размислување- ја има потпишано одлуката за неговото сменување. Останува само нејасно што е причината за падот на – едно време – „најперспективниот кинески политичар“.

Во Кина каде цензурата е доминантна во јавниот живот, за тоа никој од луѓето на позиција не сака и не смее да зборува, дури и во неформална форма. Затоа странски политички експерти проценуваат дека Ганг може да е сменат откако било откриено дека ја има  „злоупотребено  власта“, или брзо стекнатата политичка моќ.

Тајна љубовна врска ?

Претпоставка е дека можеби (некој ) во врвот на политиката да оценил оти   Ганг станува премногу популарен, што не е добра работа во тоталитарните општества, како и дека е замешан во борбата за власт, за уште повисока позиција.

Секако , можно е да му се прикачи и корупцијата која и онака е мошне разгранета во кинеското општерство , а знае често да се искористи како мерка за дисквалификација, или за елиминација на некоја позната личност во јавниот живот и во политиката.

На социјалните мрежи, меѓутоа, доминира нешто што инаку ретко, или никогаш не се споменува во Кина. Станува збор за неверството во бракот, односно за откриана тајна љубовна врска на министерот, со друга жена.

Се тврди дека сменетиот Ганг освен дипломат, бил и прељубник, односно  дека одржувал врска со една популарна ТВ водителка од Хонг Конг. Доскорешмиот министер ја запознал водителката додека бил амбасадор во Вашингтон и  (велат) дека од тогаш тие двајцата се заедно.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе