„Кербер“ ја зароби Јужна Европа
Кербер, троглавото куче-чудовиште , од грчката митологија, познато е како чуварот на пеколот. Внимавал од таму да не излезат оние кои боговите ги сместиле во пеколот.
Во денешно време, со името на ова митолошко чудовиште , метеоролозите го означија најновиот жежок топлотен бран кој како „топлотна купола“ се има поставено над цела Јужна Еропа, вклучувајќи го и Балканот.
Луѓето и нивното здравје
Веројатно метеоролозите мислеле на пеколот каков што Данте го има опишано, а што сега над европскиот континент го имаат направено и продолжуваат да го прават големите сахарски жештини и енормно високите температури за Стариот континент.
А, овој сегашниов пекол веќе станува проблем за луѓето, посебно за туристите кои во голем број се наоѓаат во овој дел од Европа и над се за нивното здравје.
Се јавува за здравствени проблеми на луѓето и за бројни интервенции на здравствените служби во Рим и во Атина , како и во Малага и на португалскиот брег за луѓе кои се онесвестуваат на улиците, или пред некои од знамнитите историски споменици.
Топлотна „црвена“ опасност
Медиумите јавуваат и за смртни случаи, но засега не се знае за колкав број случаи станува збор.
Тоа ја има натерано италијанската влада, во 16 градови во Италија да прогласи топлотна „црвена опасност“ . На овој список се наоѓаат и Рим и Фиренца кои важат за италијански туристички меки. Во овие места владата им сугерира на луѓето да не излегуваат од дома меѓу 11 и 18 часот.
Еден туристички водич изјавил за медиумите дека – „во Рим навистина секое лето е жешко, но ова годинава летото е различно , затоа што жештината е поголема и затоа што трае подолго време“.
„Клуч“ за Акропол
Водичите забележуваат дека проблеми (со здравјето) настануваат и од толпите од туристи кои се собираат на едно место, најчесто пред значајните објекти- како што е римскиот Колосеум.
Околу него, во изминатите денови повеќе пати интервенирале здравствните служби за да им помагаат на онесвестените туристи кои не издржале на жештината меѓу ѕидините на ова две илјади години старо здание.
Во Грција , пак, каде температурата се има искачено до 40 степени , владата одлучи привремено да го затвори Акропол- најпознатата грчка туристичка атракција- откако повеќемина туристи се онесвестиле во и околу античкото здание.
Во пеколниот котел на „Кербер“ се наоѓа и Шпанија која во безмалку иста ситуација се наоѓа подолго време.
Горештини и на Истокот од континентот
Уште од пролетоска реонот на југот од земјата, а поебно Малага, како и Севилја се соочуваат со високи температури , каде и во текот на пролета беа регистрирани темпертури околу 35 степени. Сега бројките се и повиски.
Но , горештини има и на југот од Франција, во реонот на Прованса, како и во делови на Германија. Невообичаено топло е и во Чехија, каде се измерени 38 степени, потоа во Полска, како и во Романија и во Бугарија. Во главниот град Софија, на пример, темперетурата се има искачно и до 35 степени што не е така честа појава.
Горештините, меѓутоа, се забележани и на северноамериканскиот континант. Во САД властите прогласија дека дури една третина од Американците- или околу 130 милиони луѓе- се зафатени со бранот од високи темпераатури, кои се над просекот за ова време од годината.
За три месеци-62 илјади починати
Според лекарите и медицински експерти кои ги следат климатските промени и здравјето на луѓето, ваквите состојби и олку високите температури се причина за зголемување на смртноста меѓу населението на Европа.
Статистиките покажуваат дека во минатата 2022 година- во периодот меѓу крајот на мај и почетокот на септември, починале 62 илјади лица. Сите од последиците на високите температури.
Најголем број од нив биле жители на Италија и Шпанија , како и на Грција и Португалија.
(С.Г.)