Пригожин се сретнал со Путин во Кремљ
Водачот на платеничката војска Вагнер, Евгениј Пригожин , бил во Кремљ, заедно со 35 команданти на оваа паравоена единица и се сретнл и разговарал со Владимир Путин, само пет денови по бунтот на „вагнеровци“ од 23 јуни.
Така тврди путиновиот портпарол Дмитри Песков, а веста за тоа ја пренесува државната агенција РИА , не давајќи притоа многу детали за средбата.
Подршка за претседателот
Според Песков, на средбата која траела три часа „претседателот има дадено оценки за дејствувањето на групата на фронтот ( и за нејзиниот придонес), но има дадено и свои оценки за настаните од 23 јуни“.
Портпаролот во понеделникот, исто така, има соопштено и за тоа дека Путин ги ислушал исказите на командантите ( на Вагнер) и нивните објаснувања за целата ситуација ( пред бунтот), како и тоа дека потоа сугерирал какво да биде нивното идно ангажирање, вработувањето и идното учество на фронтот- против Украина.
Песков открил дека на средбата во Кремљ, Пригожин му има изразено – како што е речено- безусловна подршка на рускиот претседател.
Неизвесно каде е водачот на Вагнер
Ова, очигледено, треба да биде и најважната работа во веста за средбата во Кремљ, одржана пред две недели, но од тогаш нема ништо за тоа – каде е сега водачот на Вагнер и што е со него.
Минатата недела белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Пригожин дошол во Минск, но дека веќе истиот ден, се вратил во Русија, како и дека од тогаш тој се наоѓа на руска територија.
Според договорот што беше постигнат за да заврши 24 часовниот бунт, откако вагнеровци ги ставија под своја контрола градот Ростов на Дон и тамошниот воен команден центар, од каде се следи војната во Источна Украина, а потоа тргнаа кон Москва, беше укинато обвинувањето против Евгениј Пригожин и му беше понудено да замине во Белорусија- во доброволен егзил.
Дисквалификација на воениот врв
Претходно, тој со недели на ред, јавно се пресметуваше со руското министерство за одбрана. За тоа дека водството и врховната команда на војската е неспособно, дека е бирократизирано, но и дека настојува да го уништи Вагнер.
Пригожин ги обвинуваше министерот Сергеј Шојгу и началникот на генерал-штабот Валери Герасимов дека намерно на војската на Вагнер не и испорачуваат муниција, а дека во некои случаи било наредено да се бомбардираат вагнеровите позиции на фронтот, во Источна Украина, во реонот на Бахмут.
Вагнеровци војуваат во иточните делови на Украина уште од почетокот на рускта инвазија и го имаат понесено главниот товар во опарациите, поебно во оние кои може да се означат како „валкани“.
„Канцелариски“ генерали
Групата Вагнер беше и дел од испровоцираниот од Москва бунт во Луганск и во Донецк од април 2014 година, а војуваа или се уште се активни и во Сирија, на страната на режимот на Башар ал Асад, како и во Африка- во Мали и Централно Афириканската Република , во Либија и сега во Судан.
Долгото и толерирано од Кремљ јавно дисквалификување на министерството на одбрана и посебно на Шојгу и на Герасимов, навестуваше дека тие обајцата ќе бидат сменети од позициит.
Особено што (велат) Шојгу е неомилен меѓу генералската елита и посебно кај националитички определениот дел од војската, затоа што не е Русин по потекло, а Герасимов затоа што е „канцелариски“ генерал.
Работите не се завршени
По бунтот, што некои го означуваа и како обид за воен удар, за да се „дестабилизира Русија“ или дури и за да се тргне од власт Путин, еден период ги снема од јавност и Шојгу и Герасимов.
Но, министерот после некој ден од бунтот се појави дека (наводно) бил во посета на фронтот, а Герасимов се појви дури пред некој ден. Засега нема знаци дека Путин би можел да ги смени и обајцата.
Како и да е, со нив или со некои нови лица во воениот врв, приказната за воено-политичката криза во Русија, добива нови димензии и пресврти.
Во стилот на Достоевски
Нејасно , меѓутоа, останува што навистина се случува- колку на 23 јуни имаше бунт, или дури вистински обид за пуч и за смена на власта.
Или, пак, сето тоа беше само една голема претстава за замајување на руската и странската јавност- за да се истакне големата улога на водачот- на Владимир Путин- како некаков „татко на Русија“ и нејзин спасител.
Некои странски аналитичари сметаат дека средбата Путин-Пригожин, средба на „пучистот“ со прерседателот проти кого бил покренат, делува како роман на Достоевски, полн со изненадувања и со многу мистерија.
(С.Г.)