Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Походот на Москва не беше против Путин“

„Походот на Москва не беше против Путин“

Евгениј Пригожин, водачот на руската , паравоена,  платеничка војска Вагнер-  која е вклучена во операциите во Украина уште од 2014 година, а сега е дел од војната на источниот украински фронт,  се огласи со аудио порака, за прв пат по бурните настани од саботата кои ја потресоа Русија и за кои  не може да се рече дека се завршени.

Во 11 минутната порака тој изјавува дека целта на бунтот на вагнеровци и на нивниот поход кон Москва, не бил да се собори државниот врв на Русија, ниту бил насочен против Владимир Путин, туку за да се повикаат на одговорност високите воени функционери.

Во пораката, овој пат,  никого не споменува, но  се смета дека барањето смена и одговорност се однесува за највисоките луѓе во министерството за одбрана, а пред се, за министерот Сергеј Шојгу и за началникот на генерал-штабот Валери Герасимов, како и за некои од ним блиските генерали.

Бунт против војската

Според Пригожин, бунтот бил покренат како реакција на однесувањето на руската војска која ги има гранатирано и нападното со авиони позициите на вагнеровци во Источна Украина, при што биле убиени стотици војници на паравојската.

„Целта на нашиот поход кон Москва беше да се одбегне уништувањето на Вагнер и да се повикаат на одговорност оние кои со своето непрофесионално однесување имаат направено огромен број грешки.Целта не беше да се предизвика пуч и да се собори Путин“- вели во пораката водачот на Вагнер.

Притоа тој открива дека никој од вагнеровските борци се нема согласено да стане дел од руската армија, да потише договор со министерството за одбрана, кое определи Вагнер да престане да постои од 1 јули.

Таквиот план беше обелоденет пред десетиа денови и зад него стои министеот Шојгу, но во Москва се тврди дека со таквото решение се има согласено и рускиот претседател.

Водачот на Вагнер во Минск?

Пригожин има изразено жалење што во текот на бунтот и освојувањето на Ростов на Дон и на Вироњеж биле  погодени  и уништени делови од руската авијација (хелилоптери).

Но, одново потврди  дека не сакал да дојде до судир со руската армија, за да ,  како што рекол- не се пролева руска крв во меѓусебна пресметка- па затоа им наредил на своите трупи да го запрате напредувањето кон Москва, кога биле на околу 200 км до рускиот главен град.

Во аудио пораката, меѓутоа, ништо не се открива за тоа каде се наоѓа водачот на Вагнер и каде е направена пораката.

Последно што се знае е дека по компромисот што бил направен со Кремљ, за смирување на кризата,  Пригожин треба да се наоѓа во Белорусија во егзил, а и тој и сите негови војници кои ги освоија Ростов и Вороњеж , а потоа тргнаа кон Москва,  да се амнестирани.

Руските  и европските медиуми и натаму трагаат да откријат каде е Пригожин. Рускиот канал за вести Телеграм , пак, има јавено дека водачот на вагнеровци бил виден во еден хотел во Минск, во главниот белоруски град.

„Русија има безбедносни проблеми“

Во својата порака, тој и натаму е критичен кон руските безбедносни сили.

„Походот кон Москва „откри колку се големи безбедносните проблеми во целата земја“- има речено во пораката Пригожин кој тврди дека неговите единици успеале да ги „блокираат сите руски воени единици и аеродромите на патот кон Москва“.

Во ова може да има самофалење, но факт е дека освен поставувањето препреки и блокирањето на патиштата, со копањето длабоки дупки, вагнеровци, до 200 км пред Москва, се немааат судрено со никаква руска воено-безбедносна единица, а најмалку со руската Национална гарда која, наводно, била тргната да ја брани Москва.

Евгениј Пригожин, освен тоа,  го потврдува она што можеше да се види на ТВ снимките од Ростов- дека во тој град и во другите на патот по кој се движеле вагнеровци, насекаде имале подршка  од месното население.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе