Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Синот Сорос го презеде раководењето со финансиската империја

Синот Сорос го презеде раководењето со финансиската империја

Американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос (92) му го предаде раководењето со неговата финансиска империја – вредна над 25 милијарди долари- на својот 37 годишен син Александар. Тој е избран  и за претседател на фондацијата Отворено општество и на тој начин стана раководител на една од најбогатите донаторски организации во светот.

Во интервју за весникот „Вол Стрит Џорнал“ синот Александар најави дека Фондацијата Сорос , како што популарно се означува Отворено општество, ќе има „значајна улога“  во претседателските избори во САД во 2024 година.

За себе има речено дека е „повеќе политички активен “ од неговиот татко и не сокрива дека е загрижен од можноста Доналд Трамп одново да влезе во Белата куќа.

Финансиер и филантроп

Џорџ Сорос, инвестор  од еврејско  потекло, роден во Унгарија, кој по Втората светска војна со семејството се има преселено во Америка, во кусата изјава за истиот весник има само речено дека синот Александар- второто најмладо од неговите пет деца-„го има заслужено именувањето“.

Уште од деведесетите години на 20 век, Сорос стана познат по тоа што семејното богатство го има насочувано за изградба и за подршка на демократијата и на демократските процеси во цела низа земји од Европа ( по најавува дека  распадот на комунизмот) и насекаде низ светот. Во последните години, меѓутоа, тој е насочен и кон засилените анти-семитски заговори.

Сорос важи и за еден од најголемите донатори на американската Демократска партија , а синот Александар неодамна се има сретнато со низа истакнати функционери на администрацијата на претседателот Џо Бајден, како и со Чак Шумер, лидер  на демократите во Сенатот, а медиумите ја споменуваат и неговата блискост  со потпретседателката на САД Камала Харис и со канадскиот премиер  Џастин Трудо, со кого исто така се има среќавано.

За донации по 1,5 милијарди долари годишно

Александар Сорос е претседател и на „Democracy PAC” -посебна група за финансирање на политички кампањи што ја има создадено неговиот татко, а и единствениот член од семејството кој е  во инвестицискиот одбор на Soros Fund Menagement, кој го надгледува финансирањето на Фондацијата Сорос и работењето на Отворено општесдтво.

Фондот Отворено општество годишно издвојува по 1,5 милијарди долари на разни групи и организации за човекови права, за развој и унапредување на граѓанските иопштества и за изградба и уредување на демократијата.

Именувањето на младиот Сорос за новиот човек на челото на семејната империја и за раководител на Фондацијата беше примено со големо изненадување во јавноста на САД и во финансискиот свет, бидејќи до скоро таткото Сорос зборуваше дека од него создадена Фондација нема да ја пренесе на едно од неговите деца.

Во американските медиуми од порано се предвидуваше дека постариот син Џонатан Сорос , инаку полубрат на Александар, ќе биде природниот наследник на целата финансиска империја. Но, сега се открива дека тој ја напуштил работата во компанијата , откако (наводно)  се судрил со својот татко.

Целите на Фондацијата не се менуваат

Новиот раководител на Отворено општество вели дека ќе продолжи да работи за истите цели на кои се има посветено и неговиот татко- вклучувајќи го слободата на говорот, реформите во правосудството, малцинските и бегалските права и подршката на либерализмот и на либералните политичари.

Но, тој најавува дека во прокламираните цели на Фондацијата сака да се внесат и правото на глас, правото на абортус и на гендер еднаквоста.

Таткото Џорџ Сорос , како дете, со родителите  морал да живее во услови на хоророт, наметнат од германските и локалните унгарски нацисти, сокривајќи го притоа  својот еврејски идентитет. По завршувањето на војната заминал за Британија, од каде подоцна се има префрлено за Америка, каде и го има стекнато големото богатство , низ делувањето преку разните хеџ-фондови.

Во Британија останува запаметен по тоа што во 1992 година, со вештите шпекулативни, но коректни и законски дозволени активности на лондонската берза, предизвика пад на британската фунта која мораше да девалвира. Од таа своја активност, Сорос има заработено една милијарда долари.

Орбан против Отворено општество

По падот на Берлинскиот ѕид и на комунизмот, тој ја создаде Фондацијата Отворено општество за подршка на демократските процеси во Источна Европа која тогаш се ослободи од советската, комунистичка доминација. Фондацијата за седиште на нејзините меѓународни активности ја одбра Будимпешта и земјата каде Сорос беше роден.

Тоа, меѓутоа, траеше се додека демократијата и либерализмот станаа пречка за авторитарните амбиции на Виктор Орбан, десничарски и националистички определен политичар и актуелен унгарски премиер,  кому на почетокот од кариерата, Џорџ Сорос му има помогнато ( со пари) да се дообразува и да научи англиски јазик.

Како политичар и деспот кој се залага за „чиста  унгарската нација“ и се прикажува како „бранител на христијанството“ во Европа- му пречеа заложбите на филантропт Сорос, па против него покрена груба кампања, за да го натера да ги повлече и Фондацијата и Соросовиот Универзитет од Будимпешта. На големо задоволство на европските ултра десничари и на Русија на Владимир Путин.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе