Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Русија се меша во изборите во Турција“

„Русија се меша во изборите во Турција“

Главниот конкурент на актуелниот турски претседател на изборите закажани за 15 мај,  Кемал Киличдароглу, зад кого застанаа неколку поголеми опозициски партии, ја обвини Русија дека се меша во изборната кампања правејќи му пат на Реџеп Таип Ердоган за уште една изборна победа.

Според Киличдароглу токму Москва стои зад лажните информации и материјали кои се раширени по социјалните мрежи, во кои се дисквалификуваат противниците на сегашниот претседател на Турција.

Тој нема прецизирано за кои и какви материјали и лажни информации станува збор, но турската јавност и дел од домашните медиуми веруваат дека станува збор за прилози и материјали против доскорешниот претседателски кандидат Мухарем Инче , поради кои тој се одлучи да се повлече од избрната трка на само три денови пред изборите.

„Подалеку од турската држава“

Самиот Инче, при повлекувањетио , како причина за ваквиот неочекуван чекор го наведе тоа што наеднаш стана цел на клеветничка кампања , со користење на лажни видео снимки и исто такви документи , што се најдоа на социјалните мрежи.

Лидерот на опозицискиот блој ги има обвинето- како што рекол- „руските пријатели“ дека се одговорни за објавувањето на сите вакви материјали за правењето „некаков заговор и за силно лажните и невистините содржини во материјалите“ кои се појавија на интернет.

„Доколку саката да го продолжиме пријателството и после 15 мај, тргнете ги своите раце од турската држава. Ние сме за соработка и за пријателство“- има објавено на Твитер Каличдароглу, на турски и на руски јазик.

Блиски врски Ердоган-Путин

Русија е најголемиот снабдувач на Турција со нафта и гас , а Владимир Путин го има Ердоган како еден од преостанатите руски пријатели, не сметајќи ги лидерите-деспоти од државите на Евро-Азија поранешни републики на некогашниот Советски Сојуз.

Според турските и европските медиуми, Москва (засега) нема реагирано на ваквото прекорување од турската опозиција и на обвинувањето дека руската срана работи во полза на Ердоган. Но доколку и се појави некаква реакција, таа како што е вообичаено, ќе се сведе на демант и отфрлање на обвинувањата , означувајќи ги како  „измислици без секаква основа“.

Во последно време, а особено по руската инвазија врз Украина,Ердоган  е во постојана врска со Кремљ, па тој и Путин, се тврди, често разговараат за цела низа разни прашања – како за енергијата, така и за ситуацијата во и околу Украина и за ситуацијата во Сирија, када двете земји се длабоко инволвирани, иако (формално)  имаат различни позиции.

Отворено помагање  од Москва

Во текот на досегашната изборна кампања во Турција, Москва има повлечено неколку важни потези за засилување на позициите на Ердоган.

Како со покренувањето на првата турска нуклеарна централа , во сопственост на „Росатом“ и изградена со руски државен кредит, така и во навестувањето на турскиот претседател дека (доколку добие уште еден мандат) ќе ја претвори Турција во „гасен чвор“  на евро-азискиот простор.

Со тоа,  земјата ќе има  гас за себе, а ќе се претвори и во негов дистрибутер. Ердоган, меѓутоа, сокрива од гласачите дека зад таквите ветувања стојат само Русија и Путин.

Предупредувањето на Каличдароглу доаѓа во време кога и двете страни во изборниот процес се жалат за разните обвинувања кои „шетаат“ на интернет и на соијалните мрежи. Но, ова е прв пат, јавно да се означи Русија дека се меша во изборите и отворено навива за тоа Ердоган да остане и натаму претседател.

Дваесет години „султанска“ власт

Тој е над 20 години на власт, наметнувајќи авторитарна власт во земјата, за која неговите критичари велат дека е рамна на султаните од времето на Отоманската империја. Ердоган е популист и исламист кој полека се одалечува од секуларноста што на времето ја има наметнато Кемал Ататурк, таткото на современа Турција.

Неговата сопруга оди забрадена, но затоа и тој и таа уживаат во луксуз и раскош на кој може да им позавидат некогашните султани. Претходно беше премиер во неколку мандати, а потоа стана претседател, менувајќи го Уставот и наметнувајќи авторитарен претседателски систем, налик на путиновиот режим.

Опозицијата го обвинува за раширената корупција и за силниот непотизам во кој целосно е вклучено неговото најблиско семејство.

Гласачите сега се гневни поради долгата и висока инфлација која официјално изнесува 45 отсто , но експерти велат дека е многу повисока.

Неизвесна изборна трка

На неговата страна е новата елита и новата класа што ја има создадено во Турција неговото дводецениско владеење.

На овие избори Ердоган, за прв пат, влегува во неизвесна изборна трка. Предизвикувачот Мехмед Каличдароглу е во блага предност пред Ердоган, но тоа ништо не значи за земја каква е Турција. Особено што веќе се предупредува на руското мешање.

Мoсква има традиција да се неша во изборите на странски земји. Не само на просторот на некогашниот СССР, туку у во Европа, помагајќи ги ултра-десничарите и евроскептиците.

Наголема замешаност на Русија имаше во САД, на изборите во 2016 година, кога Москва застана зад неискусниот и непознат Доналд Трамп , а против фаворитпт Хилари Клинтон, објавувајќи на Викиликс податоци за нејзината дисквалификација во јавноста.

(А.Т.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе