Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Диаз-Канел како браќата Кастро

Диаз-Канел како браќата Кастро

Мигуел Диаз-Канел доби и втор мандат за да ја извршува функцијата претседател на Куба, првиот кубански лидер од 1959 година кој не го носи презимето Кастро. Неговит мандат трае пет години.

Во специјална изјава, портпаролот на претседателот изјави во Хавана дека неговата повторна кандидатра за лидер на оваа карипска островска држава, претходно ја има подржано (всушност одобрено) Комунистичката партија на Куба, единствената политичка формација во земјата.

Потоа ја потврдиле и пратениците во кубанскиот Парламент, во кој нема опозиција. Повторниот избор на старо-новиот претседател бил подржан со 98 отсто од пратеничките гласови.

Комунистичка и бирократизирана

Диаз-Канел на челото на КП на Куба и на земјата го определи Раул Кастро , помладиот брат на доживотниот кубански лидер, Фидел Кастро. Братот Раул  го наследи „Ел Команданте“ уште додека Фидел беше тешко заболен и мораше да се повлече од сите функции во 2007 година.

Тие двајцата владееја со Куба повеќе од 60 години, уште од 1 јануари 1959 и соборувањето на дотогашниот диктаторски режим.

Од стапувањето на функцијата, Диаз-Канел навести некакви реформи и подобрување на животот на населението. Но освен малкуте, главно „козметички“ промени во режимот , Куба остана онаква каква светот ја знае- комунистичка, со еднопартиска власт, недемократска, корумпирана и бирократизирана и со крајно низок животен стандард на луѓето.

Најтешка криза во последните 30 години

Куба остана да живее во минатото, како во времето на светскиот комунизам, копирајќи го системот на поранешниот СССР.

Куба и понатаму, за сите свои проблеми продолжува да се оправдува со ембаргото на САД кое трае од победата на борците на Фидел Кастро, над силите на диктаторот Батиста, најмногу поради нејзината политика за „извоз на револуција“ во регионот и низ светот, пред се, во Африка.

Но, построгите мерки на ембаргото што ги определи Доналд Трамп, актуелниот американски претседател Џо Бајден ги има ублажено, а Куба продолжува да се префрла од една во друга криза.

Таа ги има сите услови да биде најразвиената во карипскиот регион , а сепак , останува сиромашна, сега соочувајќи се со висока инфлација и со економска криза, за која во Хавана велат дека е една од најтешките во последните 30 години.

Лојалност кон Русија

Незапирливата инфлација, зголемената емиграција, како и решавање на проблемите со обезбедување доволно храна и лекови, кои се среќаваа и во времето на Фидел Кастро, се најголемите предизвици со кои се соочува старо-новиот претседател, на почетокот на вториот мандат.

На внатрешен план нема навестување за некаква демократизација во државата, а на надворешен, Куба и со Диаз-Канел продолжува да му биде лојален сојузник на Путин и на неговиот се поцврст авторитарен режим.

Онака како што Фидел Кастро ги подржуваше сите советски лидери додека постоеше СССР. Во такви услови, актуелниот кубански лидер и суди на Украина која ја брани својата независност и ја одобрува руската инвазија и војната за освојување на украинската територија.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе