Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Како Бајден тајно стигна во Киев

Како Бајден тајно стигна во Киев

Неколку недели во американската јавност се нагаѓаше за тоа дека претседателот Џо Бајден би можел да ја посети Украина и дури да се појави во Киев, непосредно пред годшнината на руската инвазија врз украинската територија.

Но, Белата куќа секогаш ги демантираше таквите наоди, уверувајќи дека нема таков план. Последен пат, пред една недела, официјален Вашингтон објави дека е „малку веројатно дека Бајден ќе ја посети Украина“.

Во неделата навечер, меѓутоа, без да има известување за јавноста, претседателскиот авион полета од американскиот главен град, на лет преку Атлантикот, за Европа, на пат за Украина.

Посета во неконтролирна воена зона

Пред да се најде во Киев, Бајден има направено кратко слетување во американската база Рамштајн во Германија. Веќе во осум часот наутро, во понеделникот, претседателот на САД беше во главниот украински град.

Станува збор за изненадна посета на американскиот претседател која по многу параметри и според вкупната ситуација околу Украина, земја која е среде војна со рускиот агресор кој веќе поседува околу 20 отсто од нејзината територија, е своевиден преседан за шефот на Белата куќа.

Тоа е негова прва претседателска посета на една воена зона. Американските медиуми потсетуваат дека во вакви посети, пред него, беа тројца негови претходници- Доналд Трамп, Барак Обама и Џорџ Буш кои неочекувано се појавува во Авганистан и во Ирак, во посета на американските војници кои таму беа стационирани.

Но, Бајден патуваше и престојуваше  во воена зона, каде Американците , или нивните сојузници, немаат контрола врз воздушниот простор. Присуството на американската војска во Украина е лимитирано на малиот број маринци , задолжени за обезбедувањето на амбасадата на САД во Киев, што ја правеше посетата на Бајден уште покомпликувана.

„Комуникација со Москва“

Додека претседателот беше на украинска територија, американски извидувачки авиони, опремени со најсовремена техника и системи за осмаотрување и прислушување го имаат надгледувано (и контролирано) небото над Киев, но сето тоа е правено од полскиот воздушен прстор.

Подоцна се разбра дека Белата куќа потврди за тоа дека  „имала комуникација со Москва“ пред доаѓањето на Бајден. Нема детали околу таа комуникација, освен дека тоа морало да се направи за да се избегне конфликт и било каква погрешна проценка, што би можело двете нуклеарни сили да се најдат во директен судир.

Како и да е, откако претседателот се сретна со својот домаќин Володмир Зеленски и разговараше околу натамошната подршка на Киев во војната со рускиот окупатор, се додека тоа биде потребно, одвајќи им притоа голема почит на Украинците за нивната храбра борба веќе една година, се врати во Полска.

Некако во истото тоа  време, некои медиуми во САД почнаа да изнесуваат детали за тоа како Бајден, среде војна и пред најавената  руска „пролетна офанзива“ – се најде на украинскиот фронт.

На вечера со првата дама на САД

Весникот „Њујорк Тајмс“ открива дека до Киев претседателот патувал тајно, со воз , од полско -украинската граница.

При тоа , посочува дека Белата куќа со сите сили со недели се има трудено оваа посета-  многу важна за Украинците, пред се, но и опасна- да се сокрие од домашната и меѓународната јавност.

На пример, во неделата вечерта, Белата куќа го објави распоредот со настани на претседателот, според кој Бајден во понеделникот требаше да биде во Вашингтон, а тој во тоа време беше на половина пат, до Украина.

Овој весник пишува дека посетата била чувана во строга тајност од безбедносни причини.

Затоа и од Белата куќа и од американскиот главен град Бајден заминал без никакво известување, откако претходно ( во неделата вечер)  бил на вечера со сопругата во еден тамошен ресторан. Нешто што, инаку, е голема реткост во протоколот, откако тој е американски претседател.

Таен ноќен лет за Европа

Единствено што Американците имаа разбрано тоа е информацијата дека Бајден патува за Источна Европа и дека во понеделникот ќе биде во Варшава, во Полска. Додека  таа вест и беше пренесувана на амерканската јавност, нивниот претседател веќе беше „пола свет далеку од Америка“.

Претседателскиот авион полетал среде ноќ, што е исто така реткост, а новинарите кои биле во авионот, летајќи  заедно со Бајден на овој пат, морале да патуваат без ниту еден електронски апарат кај себе.

Што се однесува до патувањето со воз, што за вакви високи личности од поодамна  е вистинска реткост,  безбедносни експерти посочуваат дека тоа и натаму ќе биде единствениот начин,  странски државници и гости,  да може сигурно да стигнат до Киев, како и од таму да се вратат назад.

Едноставно,  летот со авион во сегашните воени услови е небезбеден. На истиот начин и Зеленски отпатувал- со воз од украинскиот главен град до границата со Полска – кога и тој  неочекувано патуваше во Вашингтон.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе