Поврзете се со нас

Skopje Global

Belgrade, Serbia

Вести

Сеизмолог од Белград навестува силен потрес во Србија

Сеизмолог од Белград навестува силен потрес во Србија

Српскиот сеизмолог Ана Младеновиќ тврди дека е можен силен земјотрес во Србија, во период од една година.

Во изјава за белградски медиуми, таквата можност таа ја објаснува врз основа на направени геолошки и сеизмолошки истражувања , во реонот на централна Србија, објаснувајќи го тоа со „можноста од повратниот период на земјотресите“ . Тоа значи дека во тој дел од државата треба да се очекува потрес со јачина од пет степени по Рихтеровата скала.

„Повратен период“ на земјотресите

Младеновиќ потсетува дека земјотрес со таа силина е регистриран во централниот дел од Србија, во реонот на градот Кралево, во 201о година.

Според овој сеизмолошки експерт, после моќниот земјотрес во Турција од пред десетина денови, можно е да се очекува тој „повратен период“ да се забрза поради  ослободената енергија од потресите на турска и сириска територија, која се има  раширено, како и поради  постоечката  геолошка активност, веќе  регистрирана во Романија.

Српскиот сеизмолог за ваквите свои толкувања се повикува и на работата на турските сеизмолози, но и на експертите насекде низ светот , за кои вели дека работат според истата метода, според која и таа има работено.

Станува збор за испитувањето на активните раседи , затоа што земјотресите може да се случат долж раседите, а не на било која точка од земјината кора. На тој начин се дефинираат геометријата и големината на раседите и брзината на нивното движење. Конечно, магнитудата на еден земјотрес зависи директно од големината на таквиот расед.

„Потресите може да се предвидат“

Младеновќ објаснува дека турските сеизмолози го познавале тој сегмент на раседот ( кој минува низ турската територија) , па имаат пресметано дека може да се случи земјотрес со голема силина ( како онаа што разурна десет провинции во Турција). Но, секако, не можеле да знаат кога и точно каде ќе се случи ударот.

Овој сеизмолог од Белград уверува дека во нејзиното навестување за она што би можело да се случи во реонот на централна Србија е резултат на строго научно определени параметри и прецизни научни истражувања. Затоа има  речено дека таа е еден од оние научници кои тврдат дека земјотресите може да се  предвидуваат.

Земјотресот што разурна големи делови од Турција и од Сирија го има предвидено еден холандски научник, иако врз основа на други параметри и основи, различни од оние на кои се повикува Ана Младеновиќ. Тој на почетокот на февруари, на својата интернет страница, има објавено дека реонот околу југозападна Турција и северозападниот дел на Сирија ќе ги погоди потрес со јачина од 7,5 степени по скалата на Рихтер.

Геолошки цунами

Подоцна, сеизмолози од светот објаснија дека силниот турски земјотрес има ослободено огромна енергија која потоа, длабоко во земјата, се има раширено на сите страни низ европскиот континент, преку малоазискиот полуостров, како некаков подземен, геолошки цунами.

Од тогаш,  потреси се регистрирани во Грција, неколку во Романија , во близината на границата со Србија, па се почувствувани и во соседството, во Војводина, како и на хрватскиот остров Крк. Сите со јачина од  4,5   до 5,3 степени. Во романскиот случај, како и на јадранскиот остров, каде потресот бил најсилен е регистрирана и помала материјална штета.

Сеизмолозите, инаку, советуваат  како луѓето да се однесуваат при потрес . Основното е луѓето  да не ги фаќа паника и панично да реагираат.

Никако не би требало да бегаат од становите низ скалите на станбените згради, или да скокаат од прозорци и балкони . Според експерти, потребно е да се чека смирување на потресот. После искуството од Турција, меѓутоа, изгледа дека  најважно е  зградата да е изградена според строги сеизмички стандарди- за да го издржи земјотресот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе