Пенс против републиканските „апологети на Путин”
Мајк Пенс , поранешен потпретседател на САД , во време на републиканската администрација на Доналд Трамп , остро го осуди се повеќе изразениот популизам во партијата и жестоко ги нападна „сите оние кои го бранат Владимир Путин“, затоа што не се спремни да му се спротивстават на рускиот претседател за извршената инвазија врз независна и суверена Украина.
„Додека Русија води агресивна војна против Украина, верувам дека републиканците мора јасно да се изјаснат и да се определат околу тоа дека Путин мора да се запре и дека мора да плати за она што го направи и што го прави. Не може да има место во нашето републиканско движење за сите оние кои го оправдуваат путиновото однесување. Во нашите редови може да има место само за оние кои се на страната на слободата“- рекол Пенс.
Осуда на трамповите сили
Реакцијата со осуда од страна на Пенс, еден од лидерите на американската Републиканска партија, доаѓа во време на бруталното казнување на Украина и Украинците од страна на Кремљ и руската окупаторска војска . Русите со денови ја гранатираат и ја напаѓаат со дронови- самоубијци ( од иранско потекло) целата територија на земјата, вклучувајќи и делови од главниот град Киев.
Путин во меѓувреме воведе и воена управа во териториите што претходно ги освои, а потоа ги анектира, покажувајќи, според воени аналитишари, дека веќе влече очајнички потези. Во исто време , пак, руската војска трпи порази од украинската во делови од Истокот на Украина што Русите го имаат заземено.
Во својот говор пред членовите на републикнската ( конзервативна) Херитиџ Фондација во Вашингтон, Пенс ,сепак , не посочува кои сили ги смета за апологетски во редовите на партијата која до пред две години беше на власт.
Во Вашингтон, меѓутоа, се смета дека им се обраќа на „трамповите политички сили“ во републиканските редови кои со своето однесување, со свото неосудување на путиновите акции, практично, и даваат подршка на агресијата и на војната што путинова Русија ја води против слободата и демократијата и против една демократски избрана власт.
Популисти и традиционалисти
Всушност , критикувајќи го однесувањето на дел од републиканците во врска со војната во Украина и суровоста на рскиот претседател, Мајк Пенс зборувал за се поширокиот јаз меѓу традиционалните републиканци и новата генерација политичари и приврзеници на партијата, наклонети кон популизмот и популистичкото однесување и размислување што го има покренато токму Трамп, во неговите четири години во Белата куќа.
Поранешниот претседател и сега останува на таквата позиција и дејствува во партијата силно и јавно подржувајќи ги оние кои му се наклонети и кои размислуваат како него, која во такви услови почнува да се тансформира во популистичко движење, нешто што никогаш не било својствено за Републикнакста партија.
„Сега кога партијата е на врвот од новото време на републиканското раководство, неопходно е да зацрта политички курс што не треба премногу да се определува ниту на една, а ниту на друга страна“- има речено Пенс.
Против изолационизмот
Според него, републиканската партија не смее да ги напуѓти своите темелни вредности што се засновани врз посветеноста на републиканците кон безбедноста и слободата, кон ограничената и контролирана власт и кон животот.
„Републиканците, затоа, не може да дозволат да бидат заведени од непринципиелниот популизам, за кого нема место во во нашите редови и за кого може да се каже дека никогаш немал врска со републиканските традиции и вредностите што ги почитува партијата“- зборувал Пенс , покренувајќи притоа прашања што последниве години и под влијание на трамповото дејствување, се потиснати.
Во секој случај, поранешниот потпретседател на САД бара од припаднците на партијата и од гласачите, да останат лојални кон традиционалните републикански вредности. Затоа и ги критикува „сите оние кои ја туркаат Америка во изолационизам“ во надворешната политика , особено сега , во случајот со руската агресија и војната во Украина.
Пенс контра Транп
„Знам дека во нашите редови има такви кои како во хор, зборуваат и се заговараат наше (американско) исклучување од светот. Но ваквиот тип смирувања никогаш во историјата не функционирале . Наместо тоа, сега, како било кога претходно, републиканското движење да се насочи кон улогата на Америка како лидер на слободниот свет и како авангарда на американските вредности“- има речено Мајк Пенс во Вашингтон.
Неговото излагање , на само еден месец пред т.н.Мидтерм избори за американскиот Конгрес, е насочено кон партиското членство и кон традиционалните републикански гласачи.
Но, тоа во исто време претставува и директно спротивставување на поранешниот потпретседател на Доналд Трамп кој настојува да собере доволно партиски истомисленици за да може да се номинира за претседател, за изборите за две години.
Токму Транп, како претседател заговараше изолационизам со паролата „Америка пред се“, го продаваше популизмот како некаква нова филозофија за Америка и не криеше дека се воодушевуваше со авторитарното лидерство во светот- во кое влегува и рускиот претседател.
(В.А.)