Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Задолжително без мобилка во тоалет

Задолжително без мобилка во тоалет

Многу луѓе имаат (лоша) навика во тоалет да одат со својот мобилен телефон во рака. Здравствени експерти, меѓутоа, велат дека тоа никако не би требало да го прават и наместо во WC , својата мобилка да ја остават во било која  друга просторија.

Според овие експерти, смарт телефоните и самите се легло на разни бактерии , особено што големо мнозинство од луѓето воопшто не ги дезинфицираат. А, тие се преноснци на бактерии и вируси, затоа што се најчесто во рака, се пренесуваат од рака во рака, се чуваат во ташни или во џебови, се оставаат каде треба и не треба, а потоа се допираат до лицето и сосема блиску до устата.

Кога се носат во тоалет, заканата од нив станува уште поголема, затоа што овие простории и онака се полни со разни бактерии. Дури и тоалетите дома, а особено доколку навиката да се носи со себе и мобилниот телефон,  се практикува и во јавните тоалети.

Утврдено е дека водата, влагата и валканите честички совршено се спојуваат со цела низа штетни бактерии за здравјето на луѓето, како што е , на пример, салмонелата.

Експерти укажуваат дека посебна закана има доколку по употребата, тоалетната шолја се испира без затворање на заштитниот поклопец. Во тој случај, малите и невидливи капки се расфрлаат низ целата просторија и „убаво се прилепуваат“ на мобилниот телефон, што или таму, или веднаш потоа се користи.

Конечно, препораката да не се оди во тоалет со мобилка, се однесува и на сосема реалната закана тој да се најде во тоалетната шолја- пропаднат во водата на нејзиното дно. Друга работа е – зашто, воопшто, е потребно да се оди во тоалет- со мобилен телефон.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе