Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Кафето е корисно за здравo срце

Кафето е корисно за здравo срце

Сите оние кои пијат кафе, но и оние кои тоа не го прават- убедени дека кафето е штетно за здравјето, треба да бидат задоволни по најновите британски истражувања, затоа што е утврдено дека кафето, всушност, помага за продолжување на животот.

Според направената темелна анализа на половина милион медицински записи, утврдено е дека луѓето кои пијат две, до три шолјички кафе на ден, живеат подолго и се соочени со помал ризик да заболат од некоја од кардио-васкуларните болести.

Истражувачите откриле дека меленото и инстант кафето, како и кафето без кофеин, се поврзани со намаленото заболување и смртноста од кардио-васкуларна болест.

Утврдено е дека кафето освен кофеин содржи и над 100 биолошки активни суспстанци. Веројатно, супстанците кои не содржат кофеин се одговорни за позитивниот однос што е воочен меѓу пиењето кафе, кардио болестите  болести и преживувањето.

Меленото и инстант кафето се поврзуваат со помалата веројатност да се развие аритмија , или абнормален  ритам на срцето- тврдат британските истражувачи.

Но, истражувачите укажуваат дека нивните сознанија  не би требало да се земаат генерално- за сите луѓе- затоа што записите од базата на податоци  , главно, биле земени само од луѓе-пациенти припадници на белата раса, па не се знае дали нивните заклучоци може да важат и за луѓето од другите раси.

Сепак, заклучоците од анализите објавени во медицинското списание „СајенсАлерт“ (ScienceAlert) водат кон еден заклучок- а тој е дека умереното пиење кафе позитивно влијае врз срцето и неговата работа.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе