Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Захарова: „Петков е во бунило“

Council.gov.ru, Maria Zakharova 2017 (cropped), CC BY-SA 4.0

Захарова: „Петков е во бунило“

Портпаролката на руското МИД (Министерство за надворешни работи) Марија Захарова, има добиено налог јавно да се пресметува со бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков, откако тој отворено ја обвини руската амбасадорка во Софија дека е еден од виновниците што на неговата либерална влада и беше изгласана недоверба.

Во првата реакција по падот на владата, Петков ја посочи и амбасадорката Елеонора Митрофанова дека ја има покренато моќната русофилска струја на бугарската политичка сцена, која со заеднички сили, ја собори – можеби првата, вистински прозападна и проевропска влада на Бугарија.

Тоа треба да биде казната од Русија за наглото свртување на Петков и на Софија кон евро – атлантското сојузништво, кое бугарските политичари (иако земјата е во ЕУ и НАТО) како да го имаа потиснато настрана.

Тројца политичари и амбасадорка

Воинствена и арогантна и секогаш подготвена да се расправа, Захарова иронично му има порачано дека на „списокот на виновниците за неговиот пад како премиер, му недостигаат и некои измислени личности“ и притоа ги споменува „Бетмен“ и „Жената – мачка“. Веројатно нејзини омилени ликови од истоимените американски филмови од пред дваесетина и повеќе години.

„Човекот (Петков) се изморил па почнува да зборува во бунило“ – не знаејќи што да каже, за да ја објасни ситуацијата во која се наоѓа.

Вака зборува Захарова, во својот коментар изречен во стилот на новото руско однесување и комуницирање со земјите од меѓународната заедница што руската страна ги смета за непријателски, по изолацијата во која се најде Москва, за извршената инвазијата врз Украина.

Премиерот во оставка, пак, во изјавата за која реагира руското МИД има речено дека тројца бугарски политичари и руската амбасадорка учествуваа во падот на владата.

Политикански игри

Тоа се Делјан Пеевски, поранешниот пратеник во бугарскиот Парламент, сега контроверзен бизнисмен кој (наводно) води битка со корупцијата во земјата, потоа поранешниот премиер и лидер на десно – центристичката партија ГЕРБ, Бојко Борисов кој 11 години управуваше со бугарската политика, како и новосоздадениот политичар, Слави Трифонов, до пред една година само тв шоумен и пејач на „патриотски песни“.

Владата влета во криза откако Трифонов и нареди на својата партија ИТН (Има таков народ) да ја напушти владејачката коалиција, по што Петков објави дека и без нивната поддршка, владата останува на позицијата, како малцинска влада.

Но, тогаш се огласи ГЕРБ чиј лидер побара да се гласа за доверба на владиниот кабинет на Петков, откако претходно обезбеди минимално мнозинство од гласовите на тројца пратеници – за да се соборат и либералниот премиер и неговиот владин состав.

„Продор на руските интереси“

Кирил Петков, според независни бугарски медиуми, останува убеден дека станува збор за политиканска игра, на русофилската струја во бугарската политика со која има раководено руската амбасадорка.

За бугарската радио станица БНР Петков има речено дека опозициската, ултра – националистичката партија Вазраждание (Препород) која по последните парламентарни избори во земјата е дел од Парламентот, има предизвикано – „продор на руските интереси“ за да и се изгласа недоверба на владата.

Формално, владата била соборена поради несогласувањето на опозицијата со владината фискална и економска политика. Но, практично, падот е обезбеден со покренување на старото „руско оружје“ кое потекнува уште од втората половина на 19 век и се одржува да биде употребливо во Бугарија и во денешно време – „македонското прашање“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе