Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Филмот „Don’t Look Up” ги подели Американците

Netflix

Филмот „Don’t Look Up” ги подели Американците

Филмот „Don’t Look Up” (Не гледај нагоре) на режисерот Адам Мекеј се нуди како комедија и во моментот е најгледан на „Нетфликс“. Но, од самиот почеток ги има поделено Американците, предизвикувајќи бранување на духовите во тамошната јавност, околу неговите пораки.

Авторите и филмските критичари, пред се, го гледаат како предупредување за она што се случува со планетата Земја во врска со климатските промени.

Но, филмот е насочен и кон она што сега се случува со луѓето (не само во Америка), со јавноста во едно општество, како и со медиумите кои влијаат врз определувањето на таа иста јавност. Раководени, притоа, не толку од тоа што е вистина, а што не, туку само од тоа – колку лајкови носи – за медиумската куќа (пред се, за телевизиите) – информацијата што и се пласира на јавноста.

„Обид за спас на планетата“

Лондонски „Гардијан“ пораката на филмот ја сведува на констатацијата дека „кога се убедува некој да го смени мислењето за некое важно прашање, она што притоа се кажува не е толку важно, колку што е важен начинот на кој тоа се соопштува“.

Според овој весник, кој рецензијата за филмот ја врти и кон политиката, токму ваквото однесување на „обичните луѓе“ придонесува за однесувањето на избори.

За тоа – дали да се гласа за оној со кого би можело да се оди на пијачка, или кој би можел да се има и за пријател, наместо да се гласа за оној (кандидат) кој можеби делува одбојно и студено, но кој има цврсти ставови во врска со прашањето околу кои биле дилемите и прашањата.

Главниот актер Леонардо ди Каприо и самиот се има замешано во целата оваа дебата околу филмот. За него, филмот е можеби последниот обид – луѓето од планетата – да се предупредат на можниот скорешен крај на Земјата, како последица на климатските промени за што, обично, се помалку заинтересирани, отколку за се друго.

Кометата што значи катастрофа

Во случајот со филмот „Не гледај нагоре“, таа незаинтересираност – и на луѓето и на јавноста и на медиумите – се врзува за приказната за една огромната комета што забрзано се приближува кон планетата Земја, – за да се судир со неа и за да ја уништи.

Ди Каприо и актерката Џенифер Лоренс ги толкуваат ликовите на двајца научници – астрономи – кои се целосно збунети и вчудоневидени, кога ќе разберат дека никој не е возбуден и исплашен од она што наскоро ќе треба да се случи.

Ниту насмеаната ТВ водителка, на програмата каде астрономите гостуваат со цел да ја предупредат јавноста и луѓето. Не е загрижена за претстојната катастрофа ниту Белата куќа, каде претседателката (во филмот ја толкува Мерил Стрип), функционира во стилот на работењето на Доналд Трамп. А, за страшната тема не се заинтересирани ниту американските граѓани.

Режисерот Мекеј, улогата на два типа “кандидати“ кои и се обраќаат на јавноста, на сосема различен начин (како и во случајот со примерот со кандидатите за кои треба да се гласа) – им ја дава на двајцата астрономи.

Комедија со горчлив вкус

Ди Каприо како професор по астрономија делува “успивачки“ пред ТВ камерите иако се труди на секој начин да објасни што ќе се случи. На другата страна е неговата гневна колешка (Лоренс) која настојува да ја разбие целата таа летаргија – вриснувајќи во еден момент – дека сите во САД и на целата планета – ќе умрат во еден момент.

Филмот во секој случај, се гледа како комедија, но сето тоа што го раскажува – не е смешно.

Многумина меѓу американските гледачи, после гледањето на филмот, признале дека на крајот почувствувале нешто горчливо во себе. Околу тоа дали, навистина, луѓето до тој степен станале незаинтересирани и рамнодушни – блокирани и од социјалните мрежи и од она што таму им се нуди – се продава и се купува.

Дали навистина повеќе ги интересираат работите врзани за било која ѕвездичка од светот на забавата, на пример, отколку за тоа дека Планетата на која живеат се соочува со катастрофа, што и нив ќе ги погоди.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе