Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Нема место за бебиња во Вестминстер

mireko/Depositphotos.com

Нема место за бебиња во Вестминстер

Пратеничката на британската Лабуристичка партија Стела Кризи била известена од Комитетот за правила на Парламентот во Лондон дека не може да доаѓа на работа – како пратеник во Долниот дом на Вестминстер и да седи во пратеничките клупи – заедно со своето бебе – тримесечниот син – затоа што тоа е „спротивно на правилата“.

Кризи во вторникот дошла во Парламентот и седнала на местата предвидени за опозицијата, очекувајќи го почетокот на дебатата, држејќи го до градите своето дете.

Лондонските медиуми ја објавуваат сликата на пратеничката – мајка, која подоцна има изјавено дека “мора да биде можно да се усклади политика и родителството и родителските обврски“.

„Неприкладно однесување“

Спикерот Линдзи Хол, по повод инцидентот, интервенирал барајќи од пратеничкиот Комитет да го разгледаат и да го преиспитаат правилото, но Стела Кризи не можела да го слушне барањето на Спикерот на Парламентот, затоа што веќе била надвор од салата во која се одржуваат седниците на Долниот дом.

Според нејзиното објаснување, многу е важно за родителите да можат целосно да се вклучат во работата на пратеничкиот дом, каде инаку има и посебно уредени простории за чување на децата на пратеничките. „Правилата не се неменливи и тие треба да се толкуваат во склад со дадена ситуација, па затоа тогаш и да се менуваат“ – има речено Кризи.

Таа, инаку, повеќе пати досега доаѓала на работа со малечкиот син кого се уште го храни со доење, а пред тоа, доаѓала во Вестминстер и со првото дете – со ќерката. Но, во вторникот била известена дека тоа повеќе не смее да го прави. Едноставно – Парламентот не прима бебиња во пратеничките клупи.

Во објаснувањето стои дека нејзиното однесување е неприкладно.

Примерот на Јасинда Ардерн

Пратениците се поделени околу случајот со бебето на Стела Кризи.

Пратеничките и од редовите на владеачките ториевци ја подржуваат лабуристичката пратеничка во тоа дека е потребна флексибилност при толкувањето на правилата поврзани за мајчинството. Машкиот дел од конзервативците, меѓутоа, смета дека сето ова е непотребно, порачувајќи и на Кризи дека како пратеник – има и пари и можност да обезбеди чување на детето – додека е на работа.

Реагираше и кабинетот на премиерот Борис Џонсон со една дипломатски срочена реакција за тоа дека тој би сакал да види подобрување (во оваа сфера), за да Парламентот стане пријателско место за родителите, но дека за било каква промена е надлежен само Комитетот за правила.

Поранешниот лидер на британските Либерал – демократи Џо Свинсон беше првата која со своето бебе седеше во пратеничките клупи, уште во 2018 година. Таа година, премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, беше првиот политички лидер во светот која седеше на дебата на Генералното собрание на ОН во Њујорк, со своето бебе.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе