Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Одново неизвесни избори во Бугарија

RadilaRadilova/Depositphotos.com

Одново неизвесни избори во Бугарија

Бугарија продолжува да живее во длабоката политичка криза , која тамошните аналитичари ја означуваат како една од најголемите во последните десет години, што се одраузва врз вкупната состојба во државата, преку нејзината стагнација и назадувањето во рамките на ЕУ, каде важи за најнеразвиена членка- како на економски, така и на општествено-политички план.

На геостратешки план таа остана да седи на „две столчиња“ – како членка на НАТО и на ЕУ, но кокетирајќи со Москва и сега кога веќе станува сосема јасно дека Русија работи на дестабилизацијата на Унијата- користејќи земји каква е една Белорусија, со правењето криза на источните граници на ЕУ.

Но,  и на некои членки на Унијата, како орбанова Унгарија, која со подршка на Полска и на Словенија настојуваат да забодат ултрадесничарски клин во демократска и либерална Европа, што во крајна рака е во полза на руската стратегија за поделба на  ЕУ, за да потоа полесно ја манипулира и дезинтегрира.

Старински национализам

Во тоа друштво влегува  и Бугарија која со својот застарен национализам и со нескриените претензии кон Македонија, практично и оди на рака на Москва, која се спротивставува на ширењето на ЕУ во Западен Балкан.

Во таа руска политика,  посебно на удар е сегашната македонска проевропска и прозападна влада, која уште на почетокот од својот мандат ја истисна Русија од земјата , каде инаку ја имаат донесено скопските вмровци. За да може да владеат до бесконечност, во времето кога воспоставија режим каков земјата претходно немаше, копирајќи го рускиот модел.

Со таквото свое свртување, Бугарија  успеа да го блокира Скопје да ги почне преговорите за пристапување кон ЕУ. Но,  во основа ја блокираше стратегијата на ЕУ и на Брисел, како и на САД, за навлегување на Унијата, преку интегрирањето на регионот,  каде со сите сили настојуваат да се сместат Русија ( преку Србија, Република Српска во БиХ и Црна Гора) , како и Кина.

Напуштени европски принципи

Во едни такви услови, бугарските политичари ги напуштија европските принципи и стандарди , па во услови на силна корупција и на злоупотребена демократија , предизвикаа револт но и апатија кај домашните гласачи, предизвикувајќи дилеми за тоа дали земјата, воопшто,  има политички потенцијал за излез од кризата.

Затоа и во рок од шест месеци, тамошните гласачи по трет пат ќе излезат на избори за уште еден нов состав на Парламентот, за да се формира стабилна влада.

Таков владин кабинет е потребна за да се почне со разрешување на напластените проблеми поради застојот и политичката криза која трае од летото 2020 година, но и за да се направат план и стратегија за добивање на пакетот помош од богатиот специјален фонд на ЕУ за санација од пандемијата, што за Бугарија изнесува околу 20 милијарди евра.

Брисел нема да даде пари додека во Софија не се обезбеди вистински стабилна влада, која уште и ќе ги задоволува еврпските стандарди – за владеење на правото, за почитување на европските правила и за одблокирање на европската стратегија кон Западен Балкан , пред да се случи во регионот да се обноват старите тензии и кризи.

Незаинтересираност за гласање

За тоа треба да се расчистат работите на претстојните , трети по ред, вонредни избори, а како сега стојат работите, многу е веројатно дека тие одново ќе бидат неизвесни.

Истражувањата што се правени во Софија покажуваат дека доколку сега би се одржале изборите, излезноста би  била мошне ниска, а само 48 отсто од анкетираните изјавиле дека сигурно ќе излезат да гласаат, а гласовите одново би се разделиле на десетина разни партии- од кои некои се набрзина создадени во овој период на политичка криза и постојано гласање.

Анкетата, меѓутоа, открива една константа, а таа е дека постојано на врвот , или до него е партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов ГЕРБ-СДС која управуваше со земјата над десет години. И сега таа е во водство пред сите другите. За неа на изборите би гласале 24 отсто од гласачите , што претставува зголемување на рејтингот во споредба со она на вторите вонредни избори.

Како второрангирана е партијата Продолжуваме со промената, со 16,5 отсто, а како трета е БСП ( Бугарската социјалистичка партија) блиска на претседателот на државата Румен Радев, која ја има подршката на 16 отсто од гласачите. Оваа некогаш владеачка партија го зголемува рејтингот, по падот дури на пето место, на последното гласање пред некој месец.

Новата партија Демократска Бугарија ( создадена како и Продолжуваме со промените, од двајца министри во техничките влади што земјата ги има изминатите месеци) сега е четврта со подршка од 10,2 отсто.

Компромисна коалиција?

Тоа е само малку пред партијата ИТН ( Има таков народ) на пејачот на патриотски песни Слави Трифонов, кој на последниот круг од гласање имаше преднист пред сите другите, но се покажа дека не е способен да управува , не сакајчи со никого да коалицира и настојувајќи од политиката да нпарави телевизиско шоу, што само уште повеќе ја фрустрираше домашната јавност.

Проценка е дека во идниот Парламент ќе влезат шест партии  што ќе мора да прават компромис околу формирањето влада која ќе го прекине сегашниот политички циркус и ќе се спогодат низ една широка коалиција да стават крај на политичката криза која ја исцрпува финансиски земјата со постојаните избори- без никаков ефект. Скептиците во Софија, меѓутоа, не се сигурни во тоа дека најпосле ќе се создаде влада.

Едната варијанта е и натаму да се игнорира ГЕРБ , како партнер во правењето коалиција, иако постојано добива подршка од околу четвртина од бугарските гласачи. Другата варијанта, пак,  значи сите пет партии  кои на оваа ранг  листа се пасирани  зад него, да се спогодат. Досега тоа никако не им успеваше.

(С.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе