Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Пегасус на „црната листа“ на САД

ifeelstock/Depositphotos.com

Пегасус на „црната листа“ на САД

Израелската компанија за софтверска опрема, која стои зад контроверзната шпионска опрема за прислушување – Пегасус – е ставена на трговската „црна листа“ на американската администрација, откако се покажа дека фирмата НСО – Груп, со својот изум, дејствувала против интересите на САД.

Од пред неколку месеци се откри дека шпионската опрема Пегасус била користена од низа држави (меѓу нив се споменуваше и една членка на ЕУ – Унгарија) за „ловење“ на разговорите и пораки од мобилните телефони на разни активисти за човекови права, или на новинари, означувани од локалните власти како наводно „непријатели“, или како „сомнителни“.

Реакција на НСО – Груп

По ваквите сознанија, САД се одлучија на „црната листа“ да ја стават НСО – Груп, која и го има создадено овој шпионски софтвер. Со ваквата одлука, се забранува на американските фирми, компании и организации да имаат деловна и бизнис соработка со оваа израелска компанија.

Израелците веднаш реагираа со осуда на ваквата мерка на официјален Вашингтон, инсистирајќи (како што тоа го правеа и кога случајот Пегасус беше откриен) дека нивната технологија им има помагано и на Американците, за нивната државна безбедност, за анти – терористичката борба и за пресметка со организираниот криминал.

Според израелската компанија, софтверот е продаван само за воени потреби, за што првично е создаден, потоа на агенциите што водат војна со крупните криминалци и нивните подземни организации, како и на шпионските агенции.

Притоа, (наводно) се водело сметка тоа да бидат држави кои имаат добри квалификации за заштитата на човековите права.

Шпионска технологија

Сепак, во изминатите месеци се откри, па компанијата беше обвинувана дека својата шпионска технологија ја има продавано и на автократски, недемократски и деспотски држави кои го користеле системот Пегасус за прислушување на невини и чесни луѓе, неоправдано обвинувани од разни режими.

НСО – Груп се брани дека таа не е виновна за тоа што некои земји и тамошните власти ја злоупотребувале технологијата за свои внатрешно – политички цели.

Американската администрација, меѓутоа, не верува во ваквата одбрана на изреалската компанија, која сега ја обвинува дека со своите постапки делувала контра државните интереси на САД и спротивно на интересите на американската надворешна политика.

Покрај оваа компанија, на „трговската црна листа“ Американците ја имаат ставено и израелската компанија Кандиру.

Пегасус во погрешни раце

Светските аналитичари реагираат со изненадување на ваквата одлука на Вашингтон. Пред се, затоа што САД и Израел се блиски сојузници, а нивните сајбер – експерти блиско соработуваат, посебно кога станува збор за следењето на иранската нуклеарна програма.

Меѓутоа, се смета за грешка решението на НСО – Груп, шпионскиот софтвер Пегасус да им се продава и на режими на Блискиот Исток, што значи дека системот станал силно сајбер оружје во рацете на низа автократски режими.

Претходно и надвор од оваа одлука, САД на својата „црна листа“ имаат ставено и по една руска и сингапурска фирма, за изработка на опрема за хакирање. Но, и во случајот на Израелците и на овие две фирми, со забраната не се опфатени ниту Израел, а ниту Русија и Сингапур.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе