Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Двајца мртви на концерт во чест на АББА

Buurserstraat38/Depositphotos.com

Двајца мртви на концерт во чест на АББА

Две лица загинаа, а трето е тешко повредено во (се верува) несреќен случај, во Шведска, кога еден маж паднал од седмиот кат на една голема сала, врз две други лица кои биле во партерот.

Инцидентот се случил во Упсала центарот, што е и позната концертна сала, лоцирана во близината на Стокхолм, на пригоден концерт што бил организиран во чест на шведската група АББА. Во соопштението на организаторите и на локалната полиција се вели дека инцидентот се случил на половина час пред да започне забавата.

Човекот кој се струполил од големата височина, останал на место мртов, а набргу починало и лицето врз кое тој паднал. Третата жртва има добиено тешки повреди, но за него се вели не се наоѓа во животна опасност. Колку што се знае, нема други повредени.

Полицијата не ги соопштила имињата на трите лица вклучени во инцидентот, освен што открива дека мажот што паднал од височината имал 80 години, додека за жртвата во партерот на салата се вели дека имал „малку над 60 години“.

Полицијата сега настојува да утврди што навистина се случило. А, пред се, да утврди како паднал човекот од седмиот кат – случајно, или пак бил (не)намерно турнат.

Нешто над илјада лица од разна возраст се собрале за да го одбележат, како што било најавувано, големиот „come back” на прославената поп група, со појавувањето на нивниот нов албум, прв после 40 години.

Албумот треба да се појави на 5 ноември. Претходно, веќе се „вртат“ три нумери од албумот и сите три имаат одличен прием кај публиката.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе