Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Јутјуб: Суспендирани антиваксерските записи

Y-Boychenko/Depositphotos.com

Јутјуб: Суспендирани антиваксерските записи

Јутјуб соопшти дека ги суспендирал сите видео записи кои содржат дезинформации за вакцините што сега се во употреба, а кои инаку се одобрени – или од локалните здравствени власти или од Светската здравствена организација (СЗО). Ваквата мерка е донесена како потврда на политиката на платформата за борба со антиваксерите, но и за популаризација на вакцината против коронавирусот.

Со новите правила, корисниците не смеат да објавуваат видео записи во кои се тврди дека вакцините предизвикуваат хронични нуспојави, освен за оние кои здравствените власти ги посочуваат, потоа содржини кои тврдат дека вакцините не помагаат за спречување на пренесувањето на вирусот, како и видео записи кои содржат неточности за содржината и за составот на вакцините.

Според новата политика на оваа популарна платформа на интернет, Јутјуб и натаму ќе дозволува содржини поврзани со политиките за вакцините и вакцинацијата, за новите научни истражувања околу откривањето на вакцините и за историските успеси и неуспеси на овој план.

Корисниците ќе може и во иднина да споделуваат меѓу себе сознанија за научни расправи поврзани со вакцините, за лични искажувања и за лични искуства, но се додека тие не станат дел од ширење дезинформации и лажни вести за вакцините и за вакцинацијата, односно се додека ваквите видео записи ги задоволуваат другите стандарди кои ги има поставено и на кои инсистира Јутјуб.

Платформата порачува дека, секако, ќе биде дозволено објавување записи кои ги осудуваат, или кои се спротивставуваат на дезинформациите и на нивното ширење.

Во соопштение за американскиот весник „Вашингтон Пост“ оваа интернет платформа вели дека ќе ги тргне и каналите кои се поврзани со познати американски антиваксери и противници на вакцинацијата, меѓу кои и оние на Џозеф Меркол и Роберт Ф. Кенеди – јуниор.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе