Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Преживеа најмалото родено бебе

nenovbrothers/Depositphotos.com

Преживеа најмалото родено бебе

Најмалото родено бебе во светот, успеа да преживее после 13 месечното интензивно лекување и борба да се одржи во живот, па по повеќе од една година од прераното породување – замина од болница, кај своите родители.

Малечката Квек Ју Суан од Сингапур, имаше само 212 грама и беше долга 24 сантиметри, кога се роди во јули, во минатата 2020 година.

Беше родена после 23 недели бременост, што се смета за исклучително предвремено породување на едно бебе – како никогаш пред тоа, било каде во светот.

Според сингапурските медиуми, бебето се родило со царски рез, цели четири месеци порано од определениот рок за породување.

Тоа било направено за да се спаси животот на нејзината мајка, кај која е откриена преекомплија – состојба на многу висок крвен притисок. Таквата состојба во услови на бременост, може да предизвика оштетувања на виталните органи на мајката, но и на бебето.

Лекарите тогаш се определиле да извршат породување, знаејќи дека тоа што го прават е екстремно рано. Сега признаваат дека не очекувале оти бебето ќе остане живо, затоа што сметале дека постојат сосема мали шанси тоа да израсне до нормална тежина и должина, надвор од мајчината утроба.

Малата Квек Ју Суан и покрај компликациите кои се појавиле во текот на борбата за нејзиното преживување, сепак, успеа да се избори за живот, на големо воодушевување на лекарите и на целиот медицински персонал на болницата во Сингапур.

Целиот овој медицински успех беше постигнат во екот на борбата на оваа мала, но богата азиска држава со глобалната пандемија со коронавирусот која ја има сериозно погодено.

При отпуштањето од болницата, каде го има прославено и својот прв роденден, Квек кај своите родители замина тешка 6,3 килограми.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе