Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

Ливерпул тргнат од листата на УНЕСКО

illu/Depositphotos.com

Ливерпул тргнат од листата на УНЕСКО

Британското пристаниште Ливерпул кое беше на листата на УНЕСКО на градови и локации, означени како светско културно наследство, е тргнат од оваа листа, поради – како што е речено – преголемиот развој и модернизација на старото пристаниште, кое на тој начин целосно ја има загубено својата автентичност.

Според британските  медиуми, членовите на специјалниот комитет на УНЕСКО кој определува што да биде прогласено како културно наследство , или да се  тргне од листата, биле сложни околу тоа дека ова англиското и британското пристаниште, треба да се казни со одземање на досегашниот статус.

Триесет членови биле за казнување, а само петмина биле за останување на градот на листата.

Трета казнета локација

Ливерпул е тек третиот град во светот, што е тргнат од оваа престижна листа.

Првата локација кој е казнета е резерватот со посебен вид антилопи во Оман, на Арабискиот полуостров, во 2007 година, откако оманските власти одлучија да дозволат на 90 отсто од територијата на резерватот да се истражува нафта и да се постават дупчалки.

Втората локација е во реонот на Дрезден во источниот дел на Германија, поврзан со долината на реката Елба (во 2009 година), затоа што преку реката е изграден модерен мост со четири сообраќајни ленти што целосно го има уништено вкупниот амбиент што го имала долината.

На листата само 17 години

Ливерпул кој на листата е од 2004 година, затоа што старото пристаниште во градот уште од дамнина, има историско значење за Британија и за Западот, како местото преку кое одела трговијата со робови, но и увозот на егзотични производи од далечните колонии, но во кое доминирале објекти и градби изгрдени и уредени од тоа време.

Локацијата била внесена на листата после цела деценија макотрпна работа на обновувањето на брегот и на целата пристанишна зона, што дотогаш пропаѓала.

Од листата на УНЕСКО е тргнат затоа што во изминатите петнаесетина години, токму во делот на пристаништето и на брегот, се изградени цела низа модерни станбени и делови згради во стакло и челик, па реонот е комплетно непрепознатлив и темелно изменет.

Помешано расположение

Градските власти и порано, а и сега се фалат со забрзаната модернизација на Ливерпул.Но, тоа е спротивно на условите за останување на листата на светско културно наследство – особено што токму во тој дел од градот  се продолжува со градењето, а таму  ќе се гради и новиот стадион на фудбалскиот клуб Евертон.

Веста за казнувањето на Ливерпул кај гордите Англичани е примена со помешано расположение.

Едни жалат за тоа, додека поголемиот дел од локлнт власт смета дека градот “никогаш не бил поубав и побогат“, токму со забрзаната модернизација и изградба. За нив,  одлуката на УНЕСКО  не е некаква казна, или  нешто за што Ливерпул и Британија би требало да жалаат и да се срамуваат.

Фудбалот и Битлси

Има такви во градската власт кои сметаат дека и без ознаката дека градот  е под заштитата на УНЕСКО Ливерпул и понтму ќе биде интересен за и атрактивен за домашнит и за странските туристи.

„Тие и онака не доаѓаат затоа што е означен како светско културно наследство, туку поради фудбалот и над се поради „Битлси“ и историјата што тие ја имаат испишано“ – велат овие градски функционери.

Според нив, во градот се доаѓа да се посети улицата „Пени Лејн“,  опеана во хитот на ливерпулската четворка од шеесеттите години на 20 век, а не затоа што токму  квартот каде е оваа улица, досега беше заштитен од УНЕСКО.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе