Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Бритни Спирс: Вратете ми го животот!

SharpShooter/Depositphotos.com

Бритни Спирс: Вратете ми го животот!

Американската пејачка Бритни Спирс (39) – во едно емотивно сведочење пред судот во Лос Анџелес и пред судијата кој има надзор врз 13 годишното, контроверзно старателство што нејзиниот татко го има ставено врз неа – побара прекинување на старателството, изјавувајќи дека си го бара својот живот назад.

Сведочењето на некогашната поп ѕвезда беше дадена преку видео-врска и тоа е прво (нејзино) јавно обраќање во врска со – од судот одобрениот аранжман (за старателството), воспоставен во 2008 година, кога Бритни има претрпено нервен слом.

„Храбро сведочење“

Во текот на сведочењето таа се пожали дека старателството, всушност, се има претворено во вистинско злоставување. „Само си го сакам својот живот- назад. Ништо друго не сакам“-има речено Спирс, додавајќи дека  се јавила да биде сослушана  „за да повеќе не биде  нечиј роб“.

Пејачката  рече дека се чувствува вистински трауматизирана, дека не е среќна и дека не може да спие. „Толку сум гневна што сум доведена во една ваква состојба, што ме тера да плачам секој ден.

По сослушувањато, судијката во случајот на Бритни Спирс, изјави дека сега ќе биде потребно да се направи формална претпоставка до судот, со која ќе се побара да се прекине старателството, за да после тоа, судот може да одлучува по барањето на пејачката.

Судијката Бренда Пени, при тоа, ја има пофалено Спирс што за прв пат има собрано храброст- јавно- на отворено за јавноста сослушување- проговори за себе, за својата состојба и за тоа одново да биде ослободена од наметнатото старателство.

„За пофалба е тоа што се определивте да зборувате, што тоа можеше да го слушнат не само судот, туку и сите другите кои се инволвирани во случајот“- рекла судијката Пени.

Поддршка од Тимберлејк

Последен пат, Спирс се има соочено со судот и со судијата во нејзиниот случај,  пред две години, но тогаш на затворена сесија, по која нејзиното сведочење е запечатено. Овој пат, таа изјави дека сака сите да слушнат што таа сака да каже. Соопшти дека сака одново да се омажи ( нејзиниот прв брак е разведен, а поранешниот сопруг и ги има земено двете деца).

Пред зградата на судот во Лос Анџелес се насобрале стотина нејзини фанови кои барале Спирс да биде ослободена од, како што  тие тврдат, ропството на кое е изложено.

Таа  е во ситуација да не смее ниту да забремени, затоа што и е вградена спирала. Со изјава за поддршка на пејачката, на  Твитер се огласи и  Џастин Тимберлејк, со кого таа едно време, била во врска. Тој бара од судот  „да и се вратат и животот и телото“, забележувајќи притоа дека е срамно сето ова да се случува во 21 век.

Старателство и контрола врз финансиите, како и врз нејзиниот приватен живот има наложено нејзиниот татко, со својот адвокатски тим.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе