Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Почина Шекспир – првиот вакциниран Британец

Lakshmiprasad/Depositphotos.com

Почина Шекспир – првиот вакциниран Британец

Вилијам Шекспир, првиот Британец кој ја има примено вакцината на Фајзер/Бионтек против коронавирусот, починал во градот Ковентри после кусо боледување.

Според британските медиуми, неговата смрт нема никаква врска со вирусот кој продолжува да предизвикува жртви во Британија, иако во далеку помал обем од порано, ниту со болеста Ковид – 19, или со примената вакцина. Имаше 82 години.

Првата доза од Фајзер вакцината, Шекспир ја има примено уште во декември минатата година, на самиот почеток од вакцинацијата во Велика Британија. Беше вакциниран во градската болница во Ковентри, како првиот маж што се вакцинираше.

Пред него, истата вакцина ја има примено 91 годишната Маргарет Кинан, старица во еден дом за стари лица. Таа е првиот човек во светот која е вакциниран со штотуку произведената вакцина на оваа американско/германска фармацевтска компанија.

Претставник на Градскиот совет на Ковентри за кој се вели дека бил близок со починатиот Вилијам Шекспир им изјавил на медиумите дека тој починал уште минатата недела. Според Џејн Инес од советот на градот, Вилијам Шекспир заслужува почит, а најдобриот начин да му се оддаде почит – како во Британија, така и низ светот – е да се прими вакцина.

Медиумите сега потсетуваат дека тој бил мошне нервозен кога разбрал дека токму него го имаат одбрано да биде првиот Британец, првиот маж – што ќе биде вакциниран. Бил и нестрплив во болницата пред да ја прими првата доза на Фајзер.

Подоцна, во првата изјава, овој поранешен работник во компанијата „Ролс-Ројс“ ги има повикано сите во Британија да се пријават и да се вакцинираат.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе