Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Евровизиска песна обвинета за „богохулство“

Евровизиска песна обвинета за „богохулство“

Неколку денови во главниот кипарски град Никозија, има протести пред зградата на државната телевизија, против песната избрана да го претставува Кипар на годинешниот избор за Песна на Евровизија.

Демонстрантите, сите силни христијански верници, тврдат дека песната промовира „сатанизам“ и дека е пример за „богохулство“. На транспарентите што ги носат бараат песната со наслов „Ел Диабло“ (на шпански – ѓавол) да биде повлечена и наместо неа да се избере нова.

Црквата против „Ел Диабло“

Луѓето кои протестираат повикуваат за „враќање кон Исус Христос“ и носат пароли на кои пишува „Исус е спасител – Диабло (Ѓаволот) убива“.

Авторите на песната и пејачката, меѓутоа, тврдат дека станува збор само за наслов на мелодијата, а дека песната и нејзината содржина немаат намера да ги насочуваат луѓето кон мрачната страна на животот, туку дека во неа станува збор за нарушени односи (меѓу жена и нејзиното момче).

Влијателната православна црква на Кипар која се верува дека стои зад протестите, а посебно дел од свештенството, не мисли така и продолжуваат да уверуваат дека една ваква песна може само да промовира „предавање и послушност“ кон моќта на ѓаволот и на ѓаволските сили.

Црквата и демонстрантите кои носат крстови со себе, бараат да се избере нова песна за Евровизија која ќе ги промовирала кипарската култура и традициите.

Погрешно толкување

Спорен дел на песната, за која се има покренато ваква врева, е текстот во кој пејачката Елена Цагрину пее: – „Му го дадов срцето на Ел Диабло, бидејќи тој ми рече дека јас сум неговиот ангел“.

Во изјава за локалните медиуми пејачката има речено дека песната е за жена која бара помош, затоа што се приврзала со лошо момче, познато по својот прекар „Ел Диабло“. Всушност, авторите на кипарската песна преку неа сакаат да се приклучат со својата поддршка кон широко раширеното движење „Ме Тоо“.

Евровизискиот фестивал кој лани беше откажан, поради пандемијата, годинава треба да се одржи на 22 мај во Ротердам – велат во специјални услови – прилагодени на се уште актуелната епидемија со коронавирусот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе