Корона заразата ја шират асимптоматските лица
Истражувањето на американските научници покажува дека 50 отсто од епидемијата со коронавирусот се шири преку асимптоматските лица, односно се пренесува преку луѓето кои немаат никакви симптоми на болеста.
Според експертскиот тим кој учествувал во истражувањето, а чии наоди ги пренесува стручното списание „Journal of the American Medical Association“ ваквите откритија само одат во прилог на постојаното инсистирање на епидемиолозите за потребата од носењето заштитни маски на лицето и на нивното големо значење во борбата со пандемијата, како и од почитувањето на пропишаната физичка дистанца.
Маските (сепак) заштитуваат
За потребите на ова истражување, научниците ги разместиле потенцијалните пренесувачи на вирусот во три групи – правата со оние кои ги имаат симптомите, потоа, втората со лицата кои се уште ги немаат симптомите на болеста, но ќе ги развијат (пресимптоматични) и третата, со асимптоматичните пренесувачи.
Потоа, бил направен модел за тоа која група ќе почне да ја шири заразата. Моделот бил направен според тоа во кој ден луѓето биле најмногу зафатени со заразата, а како базична вредност бил определен петтиот ден, откако едно здраво лице било изложено на коронавирусот.
Тогаш е утврдено дека во мнозинство од случаите, заразувањето го имаат извршено оние кои изгледаат дека се здрави, дека не им е ништо, а во себе веќе го имаат вирусот, само што тој не се манифестирал, како и оние кои биле регистрирани како пресимптоматски лица. Овие учествуваат со над 50 отсто во заразувањето на дотогаш незаразените.
Научниците дури сметаат и дека овој процент може да и повисок, затоа што во разработката на анализата тие тргнале од тоа како да сите кои ги сметале како лица без никакви симптоми, се движеле сосема слободно.
Контрола со термометар
А, всушност, барем во Америка, пред влезот на секој ресторан, секому се мери температура, а тоа истото се прави и пред многу други институции и установи, за да се оневозможат да влезат оние кои веќе ги имаат првите симптоми на заразеност.
Освен тоа, многу луѓе кои веќе ги имаат почувствувано првите симптоми на короната, веќе се во самоизолација, дома.
Тоа, пак, значи дека е сосема мала веројатноста, оваа категорија лица да се означат како раширувачи на заразата, наспроти оние кои се чувствуваат добро, немаат никакви симптоми и секаде одат и влегуваат сосема слободно, а ја пренесуваат епидемијата – без да го знаат тоа.