Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Двојно повеќе жртви од Ковид во Русија

Nataliya Ro/BigStock.com

Двојно повеќе жртви од Ковид во Русија

Руската државна статистичка служба Росстат објави дека во првите 11 месеци од 2020 година, во Русија, од разни причини починале 230 илјади лица, а дека 80 отсто од нив може да се поврзат за коронавирусот и за болеста Ковид-19.

Според рускиот заменик премиер, Татјана Голикова, тоа претставува зголемување на смртноста во земјата за 13,8 отсто, признавајќи дека таквиот раст треба да и се припише на силно раширената пандемија.

Според Голикова бројот на оние починати, чија смрт може да се врзе за вирусот, би можел да достигне и до над 185 илјади.

Трети според смртноста?

А, тоа ја прави Русија многу потешко погодена од короната и според бројот на жртвите – трета во светот – веднаш по САД и Бразил, проценува американскиот Универзитет Џонс Хопкинс кој од почетокот на избувнувањето на епидемијата води прецизна статистика за бројот на жртвите од пандемијата.

Во исто време, кога заменик премиерот зборуваше за силно зголемената смртност, владата и натаму официјално тврди дека од Ковид се починати околу 56 илјади заболени пациенти.

Тоа само покажува дека реалната, вистинска бројка на жртвите, која индиректно ја признава и Голикова, е дури 2,5 пати повисока.

Многу земји имаат различни методи кога известуваат за бројот на починатите, поврзани со короната. Се верува дека тоа создава проблеми при броењето на жртвите од пандемијата, на глобално ниво, како и при определувањето на тоа каква е состојбата во секоја земја, посебно.

Калкулирање со починатите

Русија уште од почетокот е критикувана дека калкулира со починатите од Ковид-19.

Тоа најчесто се прави така што и смртноста врзана за пандемијата се разделува, па доколку лекарите за смртта на еден пациент, коронавирусот не го означат како основна причина, тој воопшто не се регистрира како жртва на епидемијата.

Германската агенција ДПА, во својот извештај од Москва објаснува дека еден дел од жртвите, Русите ги сметаат како заболени од короната, додека другата половина од починатите се означуваат дека биле позитивни на коронавирусот, но не ги регистрираат како жртви на пандемијата.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе