Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Подарокот од Додик за Лавров украден во Луганск?

DEMOKRATSKA STRANKA DS, Milorad Dodik 1, CC BY 2.0

Подарокот од Додик за Лавров украден во Луганск?

Позлатената икона што Милорад Додик, член на Претседателството на БиХ (од Србите), му ја подари на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за време на неговата посета на источно (српско) Сараево, најверојатно била украдена во Украина, а потоа некако префрлена во Република Српска, во БиХ.

Веднаш откако иконата беше покажана, реагирала украинската амбасада во БиХ, која има испратено и нота до босанското МНР, во која од домашните власти се бара детална информација за потеклото на иконата.

Украинската страна тврди дека станува збор за икона од Луганск.

Нота на Украина

Во нотата било посочено дека давањето подарок на рускиот министер, практично, претставува давање поддршка на агресивната политика на Русија кон Украина.

Додик кој во моментот претседава со Претседателството на БиХ, по средбата и разговорот со Лавров, му ја подарил оваа (украинска) икона на шефот на руската дипломатија, како знак за големото српско – руско пријателство.

Меѓутоа, во дипломатската нота на украинската амбасада се инсистирало на тоа дека давањето подарок што потекнува од територијата на Украина, која сега се наоѓа под окупација на Руската федерација, значи давање поддршка на таквата (руска) политика кон Украина, која, инаку, има предизвикано смрт на илјадници украински граѓани.

Официјален Киев, преку нотата на својата амбасада во Сараево, бара од босанските власти објаснување за тоа како оваа, 300 години стара икона, се нашла во сопственост на БиХ и тоа кај српскиот претставник во колективното претседателство на земјата.

Платеници во Луганск и Донецк

Босанската јавност е огорчена од ваквото откритие, а сараевските медиуми бараат и судска, но и полициска истрага, како и казнување на виновнците. Станува збор и за тежок дипломатски скандал, затоа што како подарок на странски државник му се дава артефакт од трета земја, што не е ниту српски, а ниту руски.

Босанската опозиција и медиумите бараат од Милорад Додик да објасни од каде му е иконата, но засега неговиот кабинет во Претседателството, одбива да ја коментира целата оваа ситуација.

Се сомнева дека иконата била украдена од Луганск, во време на војувањата во Источна Украина, по што Луганск и Донецк се најдоа по контрола на руските сепаратисти кои ја имаат целосната заштита и поддршка од Москва.

Во тие борби на украинскиот Исток имаше и многу платеници, дојдени пред се, од земји од православниот свет. Меѓу нив многу државјани на Република Србија, но и на БиХ, сите од српската енклава Република Српска.

(С.Б.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе