Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Адел се шегува со своето слабеење

Twitter

Адел се шегува со своето слабеење

Британската пејачка ѕвезда Адел, се шегувала во САД, на своја сметка, откако ова лето драстично ја намали својата телесна тежина – до непрепознатливост- како што некои лондонски медиуми тогаш напишаа.

Учествувајќи во една забавна програма на американската телевизија, Адел (32) рекла: „Знам дека сега изгледам сосема поинаку, од тоа како изгледав порано, кога последен пат бев гостин во оваа програма“, додавајќи притоа дека сега (во секој поглед) и е полесно.

„Покрај сите овие ограничувања околу Ковид, што значи и обврска да се носи помал багаж при патувањето, можам да земам само половина за себе“ (од она што обично го носела пред слабеењето).

„Е, ова сега е половината што ја одбрав“… има речено Адел во разговорот.

Позната како крупна, дури и повеќе отколку што би требало да биде според годините, уште кога прв пат се појави, британската пејачка (како што велат оние кои поблиску ја познаваат) речиси ја има преполовено својата телесна тежина, па сега може да носи и да се облекува во се она што претходно не можеше да си го дозволи.

Во Лондон се веруваше дека ова нејзино појавување на американската телевизија ќе го искористи за промоција на својот нов албум, но таа само има речено дека албумот се уште не е подготвен.

Адел последен пат има издадено албум пред пет години кој беше едноставно заглавен како – „Адел“. Поминати се и три години од нејзиниот последен настап на некоја телевизија во САД.

Овој пат тоа беше шоуто „Сабота навечер – во живо“.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе