„Данска не го запоставува Гренланд“
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Лаке Расмунсен ги отфрли критиките на американскио потпретседател Венс за тиа дека властите во Копенхаген го имаат запоставено Гренланд, не вложувајќи никакви средства во развојот и во одбраната на островот.
Венс кој се повеќе се издвојува како предводник на најтврдото крило во арогантната и насилничка администрација на Доналд Трамп, во петокот беше во посета на Гренланд, во време кога претседателот на САД продолжува да зборува дека -островот на крајот ќе и припадне на Америка- наспроти спротивставувањето на Данска и на ЕУ.
Островот има своја широка автономија и локална влада, за која неговите граѓани неодамна излегоа на избори, но политички и припаѓа на Данска, а преку неа е дел од ЕУ. Гренланд е најголемиот остров во светот, но е мошне ретко населен – на него живеат околу 70 илјади жители.
Министерот Расмунсен , во снимена изјава и ставена на социјалните мрежи ги има осудено тонот и начинот на обраќањето на Венс, непримерен за однесување кон еден близок сојузник, каква што е Данска.
Според министерот, владата ви Копенхаген останува отворена и натаму за соработка со САД, прифаќајки да биде и критикувана за некои состојби.
„Но, начинот на кој тоа овој пат е направено не му доликува на нашето сојузништво и партнерство“- има речено овој министер кој потсетува дека двете земји имаат задничка спогодба за Гренланд, уште од 1951 година.
Расмунсен објаснува дека уште од 1945 година, Американците постојано го намалуваат своето присуство на островот- од првичните десетици бази и воени инсталации, со десетици илјади свои војници, на сегашното присуство од само една база на североистокот, со само околу 2оо војници.
Токму со договорот од 1951 година е предвидено Америка на Гренланд да има многу побројна воена сила, па министерот Рсмунсен порачува дека ако тое е во прашање, Копенхаген е подготвен за разговори.
Овој министер ги отфрла и како неточни обвинувањата на Венс дека ништо не било вложено на островвит, потсетувајќи дека во јануари годинава во одбраната и развојот се вложнии нови инвестиции од 1,6 милијарди евра.
