Додик “избркан“ од конференцијата во Ерусалим
Функционери на израелската влада побарале од Милорад Додик, лидер на српската енклава Република Српска во БиХ, да ја напушти конференцијата за антисемитизмот во Ерусалим, откриваат израелските медиуми.
Додик со авион на владата на Србија, допатува во Израел за да учествува и за да зборува на конференцијата, која и израелските медиуми ја означуваат како контроверзна, затоа што на неа биле повикани и учествувале лидери на десетици крајно-десничарски партии од светот, за кои и не може да се рече дека се „чисти“ кога станува збор за прашањето на антисемитизмот.
Конференцијата ја има оганизирано израелското министерство за дијаспора кое е под контрола на крајната десницз во широката десничарска владина коалиција во Израел.
„Ме прогласија за непожелна личност“
Кој и зошто го има повикано лидерот на босанските Срби, силен националист кој не признава дека во Сребреница во 1995 година е извршен геноцид врз цивилно население , медиумите не споменуваат, но откриваат дека откако на Додик му било овозможено да посети и разгледа некои од (за Евреите) значајни верско-историски споменици, му било „ставено до знаење дека дека не е добродојден на еден ваков настан„ – на кој требало да дојдат и израелскиот претседател и премиерот Бенјамин Нетанијаху.
Веднаш после тоа Додик ја напуштил салата, а потоа и си заминал од Ерусалим. За весникот „Ерусалим Пост“ подоцна има речено дека се чувствувал крајно незгодно , „како да е некаков натрапник кој се нашол таму каде не му е место„ Тој рекол дека дошол да зборува против антисемитизмот , а неместо тоа бил прогласен за непожелна личност“.
Весникот „Израел Хајом“ открива дека лидерот на босанските Срби беше обвинет и осуден за сепаратизам, за непочитување на одлуките на специјалниот претставик во БиХ, како и за обиди да се растури целовитоста на Босна.
Овој весник го опишува Додик како силно проруски политичар кој со своето однесување им служи на руските интереси, но придонесува и за дестабилизацијата на целиот регион на Западен Балкан.
Мини драма во Ерусалим
Не се открива ни кој пресекол за тоа српскиот националистички лидер да биде тргнат од оваа конференција, на овој начин. Се верува дека свои прсти во сето ова имаат, сепак, Американците. Посебно по острото предупредување на државниот секретар Марко Рубио кој на Додик, на политичките лидери во регионот (вклучувајќи ја и Србија, се до Северна Македонија) им порача дека САД нема да дозволат растурање на БиХ, како и дестабилизација на целиот регион.
„Израел Хајом“ случајот го објаснува како „мини драма“ и открива дека „истерувањето“ на Додик од конференцијата за антисемитизам било оправдано со тоа што босанскиот политичар е на меѓународна потерница и дека за него има налог да биде уапсен.
Германската ТВ станица АРД, затоа, прашува – зашто никој не го апси овој осуденик и како успеал слободно да отпатува и да влезе на територијата на Израел, а потоа слободно да замине од таму. За одговор се погрижи официјален Белград, демонстративно реагирајќи со протесна нота во која се вели дека Додик е државјанин на Србија.
