Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Безбедносен скандал во администрацијата на Трамп

Безбедносен скандал во администрацијата на Трамп

Доналд Трамп и највисоките функционери на американските безбеднисни служби се оградија од обвинувањата за „скандалозната повреде на безбедносните мерки“ и на сигурноста на армиските сили , откако во јавноста се појавија делови од „слободниот и опуштен разговор“ на некои од највисоките функкционери на трамповата администрација.

Претсдателот се огради дека ништо не знаел за инцидентот, за кој ако е така значи дека не бил ниту информиран што се случило, додека директорката на Националната агенција за разузнавање, како и директорот на ЦИА, се оправдувале  на тој начин што пред специјалната комисија на Сенатот, го мимиизирале скандалот- тврдејќи дека „не биле обелоденети доверливи и тајни информации“.

„Не0дговорност и неспособност“

Демократите во Сенатот на САД, меѓутоа,  инсистираат дека станува збор за опасен преседан, за безбедносен скандал, „каков не се памети“, кој само ја покажува- како што се вели- неодговорноста и неспособноста на луѓето од врвот на државата, за функциите на кои се наѓаат.

Станува збор за моабетисувањето на инаку небезбедната социјлна мрежа Сигнал на која (меѓу другите) биле приклучени потпретеседателот Венс. министерот за одбрана, потоа државниот секретар Марко Рубио, советникот за национлна безбедност Мајк Волц, како и други високи функционери од безбедносниот и политичкиот сектор.

Односно, станува збор за  вкупно 18 функционери на новата трампова администрација кои (слободно), меѓу себе разменувале доверливи и тајни информации.- верувајќи дека може отворно да разговараат, како политички истомисленици, затоа што мрежата е безбедна. 

Новинар го слушал разговорот

Во овој случај, друштвото во кое овој пат не бил вклучен министерот Рубио, се разменувало мислење за планираниот напад на американската авијација врз позициите на јеменските Хути- како казна за нивното продолжено ракетирање на бродовите и танкерите кои пловат цо Црвено Море и низ Суецки канал.

Во мрежата, меѓутоа, по грешка бил вклучен и еден новинар и тоа главниот уредник на политичкото спосание „Атлантик“  Голдберг. На тој начин, несакајќи  го слушал целиот разговор на групата- како деталите  за воената операција, така и потсмешливите коментари ( на воинствениот и антиевсропски определен ) потпретседател Венс, за европските сојузници и за земји во регионот за кој САД се стратешки заинтересирани.

Новинарот за американските медиуми рекол дека не знае како се нашол на листатат за доверливи зс раземан на информации, па објаснил дека бил шокиран кога сватил кој зборува и што слуша.

Сериозен пропуст

„Мислев дека станува збор за нечиј упад во мојата приватна компјутерска  мрежа, односно дека некој ме прислушува и настојува да ми подметне крајно доверливи, тајни ихформации врзани за американската безбедност и политика“- има речено Голдберг за Си-Ен-Ен.

Вели дека размислувал да го пријави случајот, но останал комплетно шокиран кога на 15 март ја слушнал веста за америкнскиот напад врз Хутите , во која биле содржани и детали од разговорот на функцонерите што тој по грешка го има примени на својот компјутер.

„Тогаш разбрав за колку голем безбедносен пропуст станува збор и одлучив да го откријам скандалот“ -рекол  Голдберг, откривајќи дека тој самиот се има исклучено од мрежета и дека никој од „безбедњаците„ во Белата куќа, до појавувањето на текстот, нема откриени дека некој друг, што не треба, бил ставен на мрежата за доверливи разговори.

Американските медиуми за главен виновник го посшуваат новиот советникза национална безбедност Волц, функција од која починатиот Хенри Кисинџер во минатото  има направено „култна позиција“ во претседателската администрација. Токму Волц за кого и луѓе во Белата кужа сметаат дека е погрешен човек на таа функција и дека треба да биде сменет, ја има направено грешчата- внесувајќи го , или непроверувајќи детално кој  е на листата за моабетисување.

Волц главен виновник

После критиката и од Трамп дека (сепак) има безбедносен пропуст, се огласи советникот Волц, признавајќи ја својата отговорност за скандалот, но општ е впечатокот на медиумите во САД  дека не успева ниту да се одбрани, а ниту да објасни како до него е дојдено. 

Наместо тоа и тој во стилот на својот шеф, настојува  одговорноста да ја префрли на новинарот, одобно што Голдберг уште во текот на изборната кампања го критикуваше Трамп и важи за наклонет на демократите. Според советникот Волц , главниоѕ уредник на „Атлантик“ – не е никаков новонар и дека тоа што го пишува и објавува е обично ѓубре“.

Како и да е, претседателот никого нема да смени, објаснувајќи дека во сите функционери кои ги има поставено има целосна доверба. Вклучувајќи го и Волц, но во Вашингтон се верува дека тој , сепак, може да е првиот кој ке биде сменет.

Во првиот мандат Трамп сменн тројца советници за национална безбеднот кои подоцна во своите книги го прикажаа претседаелот како  -„неспособен за работа и за високата позиција  и моќта што ја има што ја има“ Иако на тоа место беа и еден искусен допломат ( Џон Болтон) и еден висок генерал на армијата, како Мекмастер.

(В.А.)

 

 

 

 

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе