Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Французите си го бараат Кипот на слободата

Французите си го бараат Кипот на слободата

Францускиот европратеник Рафаел Гликсман, од групата на социјал-демократите во Европскиот Парламент , сугерира  познатиот Кип на слободата во Њујорк, еден од симболите на најголемиот американски град, да и се врати на Франција.

Масивниот споменик кој е поставен на влезот од њујоршкото пристаниште, уште во 1886 годија, како симбол на слободниот Нов свет е подарок од францускиот народ за Америка и за Американците.

Сега овој европрареник смета дека споменикот треба да и се врати на Франција, затоа што САД ( на Доналд Трамп) застанаа на страната на тиранинот.

Изјавата на Гликсман се совпаѓа со едностраната одлука да американскиот претседател да ја запре помошта за Украина, која во меѓувреме беше обновена, но овој европрареник, како и други сметаат дека Трамп останува повеќе наклонет на путинова Русија, отколку на една Украина, која три години се бори против бруталната руска агресија.

„Ние (Французите) на Американците, кои се определија да застанат на страната на тиранијата, кои сега отпуштаат од работа истражувачи, затоа што бараат слобода на научнта мисла, сметам дека треба да ни го вратат назад (Кипот на слободата). Ви го дадовме како подарок , но вие, очигледмо (сега) го презирате. На овој споменик ќе му биде подобро да се врати дома„- рекол Гликсман.

Без разлика што ваквото барање на еден француски европратеник се квалификува како приватно мислење и не е врзано за официјалната политичка позицијата на Франција, случајот доби гласност во европската јавност, покуважувајќи го несогласувањето на европскиот левичарски и левоцентристички блок со десниларењето, конзервативизмоѕ и популизмот на Доналд Трамп.

На плочата под подарениот споменик е запишано- „Дај ми ги своите изтоштени, сиромашни и збиени маси кои се желни да дишат слободни“.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе