Голема подршка за судентите во Србија
Над 60 отсто од граѓаните на Србија го подржуваат движењето на студентите , додека 32 отсто се против, во најголем дел од приврзеници , снмпатизери и гласачи на српската владеачка партија СНС.
Во истражуваљето на „Нова српска политичка мисла“ , 45 отсто од јавноста во земјата смета дека студентитре треба и политички да се оргнизираат , а потоа да се појават на првите следни, парламентарни избори .
Дури 27 отсто од вака определените , изјавиле дека се подготвени да гласаат за една „студентска“ партија, додека други 26,3 отсто имаат изјавено дека- можеби и би гласале за ваков политички блок.
СНС ја губи довербата
Истражувањето открива дека дека рејтингот на 13 годни владеачката и неприкосновена СНС партија на Александар Вучиќ забрзано се намалува, па таа сега може да смета на 36 отсто од гласачите, откако не се земааат во предвид оние кои сега се изјасниле како неопределени.
На прашањето – за кого би гласале кога сега би се одржале парламентарнии избори, 33 отсо рекле дека (одново) би гласале за СНС, додека 41 отсто се изјасниле во полза на опозицијата, која останува неедеинствена и расцепкана, а други 26 отсто, што е висок процент, има речено дека засега се уште се нема определено.
Аналитичарите на „Нова српска политичка мисла“ сепак оценуваат дека ваквиот распоред на силите на политичката сцена во Србија е нешто сосема ново, во споредба со досегашното 13 годишно апсолутно владеење и доминација на СНС на Вучиќ.
Во меѓувреме ситуацијата во Србија и натаму останува хаотична.
Опозицијата за „Пржинскиот модел„
Претсдателот на државата се подготвува за формирање нова влада и самиот свесен дека не е безбедно за неговата партија да се оди на предвремени избори и се заканува дека „обоената револуција“ на студентите ќе биде задушена во текот на април. Тие од своја страна, засега, се на позиција да не влегуваат директни во политиката и продолжуваат со протести и блокади.
Особено откако почина уште еден тешко повреден од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, на 1 ноември. минатата година. Бројот на загинатите сега се искачи на 16 лица, меѓу кои три се деца.
Опозицијата, пак, се определи за некаков „Пржински модел“ за средување на ситуацијата во Србија и сугерита создавање влада на народното единство, како привремена влада до првите следни парламентарни избори.
Од власта, меѓутоа, се отфрла таквиот план. Според Вучиќ тоа би можело да се случи само „преку него мртов“, што ќе рече- никогаш.
(Д.Б.)
