Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Хекман не бил свесен за смрта на сопругата

Хекман не бил свесен за смрта на сопругата

Американскиот актер Џин Хекман починал од природна смрт- од компликации од Алцхајмеровата болест од кој страдал подолго време-една недела по смрта на неговата сопруга, која  боледувала од една ретка болест што ја пренесуваат глодарите.

Нема мистериозна смрт

Ваков е заклучокот на екипата форензичари кои настојуваа да ја утврдат причината за смрта на брачната двојка Хекман и Бетси Аракагва, откако нивните безживотни тела беа откриени, во две различни соби во нивната куќа во Санта Фе, во сојузната држава Њу Мексико.

Делумно распаднатите тела на Хекман (95) и неговата 65 годишна  сопруга ги имаат откриено работниците  кои се грижеле за одржување на куќата.

Смрта на сопружниците веднаш покрена приказни за „мистериозната смрт “ на некогаш популарната холивудска ѕвезда, добитник на два Оскара и негивата сопруга, но истрагата прво ја отфрли можноста за насилна смрт, а после и за труење со јаглен моноксид.

Починати во една недела

Форензичарите сега се убедени дека ја знаат вистината- сопругата починала на 11 февруари, додека Хекман кој тешко бил погоден од Алцхајмеровата болест, не бил ниту свесн дека во една од собите лежи мртвото тело на сопругата.

Хекман починал на 18 февруари, од срцев удар. како последица не сериозните проблеми кои ги имал со срцето. Алцхајмеровата болест бил толку силна што тој не можел ниту да реагира за да бара помош за сопругата.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе