Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Џорџ Вашингтон и знаме на Марс

Џорџ Вашингтон и знаме на Марс

Во едно вистински ријалити шоу од 1,40 часа,  Доналд Трамп во првата посета на Конгресот на САД,  од стапувањето на претседателската должност беше во американскиот Претставнички дом , за да се пофали дека за 40 денови има направено повеќе отколку другите пред него за еден, или за два мандати.

И како вистински десничар и популист, какви има се до Балканот, да се пресметува со претходната власт- ( одново) изнесувајќи низа наточни и лажни бројки и податоци.

Трамп ја „спасува“ Америка

Притоа, не би бил Трамп она што е доколку не се пофали деке е новиот Џорџ Вашингтон избран  за да ја „спасува Америка“, која одново станувала голема и силна и за да се заканува.

Прво  на Гренланд, дека „вака , или онака “ големиот и ретко населен остров ќе бил американски, а потоа и на Панама од која ќе го одземе виталниот Канал, за да не го преземеле Кинезите.

Конечно, се пофали дека американско знаме ќе се вее на Марс.

Тоа  најблаго речено делува цинично, кога се знае дека по паметот на Илон Маск, се ценка за десетина милиони долари странска помош, отпушта илјадници вработени во јавните служби , а во исто време, создава нова единица во државната администрација, која на Маск му е дадена да ја води.

Уште ќе се фрлаат милијарди долари за да на планетата Марс се постави знамето на САД.

Мир по секоја цена

На друга страна, времешниот Трамп, постојано потпирајќи се на говорницата, се пофали дека го дисциплинирал украинскиот претседател кој сега зборувал за мир.

Тој , меѓутоа, и на наместената претстава во Овалниот кабинет, минатиот петок, зборуваше за мир. Но без да ги дисквалификува своите насилни соговорнци од американска страна кои останаа шокирани дека некој „неблагодарник“ од Истокот на Европа, не прифаќа  се она што Трамп му има понудено.

Понудата, пак,  во основа значи да му се предаде на рускиот деспот Путин и да се прави мир во стилот на „Минхен 1938“- меѓу Хитлер и тогашна Европа,  во кој Украина ќе и биде дадена на Русија, за да трампова Америка се фали дека таа обезбедила мир.

Критики за Киев , награда за Москва

Во одржаното ријалити шоу во Конграсот, Трамп го пофали Киев , откако ја уцени Украина со запирање ( велат привремено) на воената помош од САД, и ја казни со укинување на размената на разузнавачки информации, а во исто време ја награди Русија со одлуката да се запрат сајбер операциите кон Москва.

Сето тоа додека Кремљ, кој наводно е спремен за мир, продолжува да ја напаѓа украинската територија. Не оставајќи знаци дека навистина може да има траен и праведен мир, после кој Украина нема да се чувствува небезбедна. Односно  дека нема да се и случи една  Чехословачка од пред 87, или Грузија од пред 11 години.

Наместо тоа Трамп зборува дека Америка и дала на Украина- воена и друга помош – од 350 милијарди долари, а дека Европа помогнала со 100 милијарди. Проверката на фактите, меѓутоа, покажува дека станува збор за лажна информацина на претседателот на САД.

Лажни тврдења

Едноставно, нема никаде и никаква иформација која би потврдила дека Трамп знорува со точни податоци. Напротив, според истражувањето на тинк-танк организацијата Кил, Европа, заедно, има издвоено 135 милијарди, а Америка 120 милијарди долари.

Според американскиот Пентагон, САД во изминатите години војување  имаат дадено помош за Украина од 182 милијарди , но и таа бројка е далеку помала од трамповите (намермо или не) дадени 35о милијарди. За еден таков износ никој нема било каков доказ.

Слично такво расфрлање со неточни и лажни податоци има повеќе во долгото излагање кое, сепак, главно беше посветено на фалењето на Трамп дека е подобар од Џо Бајден, кого го обвини и дека му оставил „хаос во економијатата“ а дека САД во времето на пртходната администтрација  имала највисока инфлација во изминатите 49 години.

Нема економска катастрофа

Независни аналитичари и истражувачи велат дека претседателот намерно лаже и дека ситуацијата не беше таква како ја прикажува Трамп.

Тие тврдат дека сегашната влада нема наследено „економска катастрофа“  затоа што, американската економија во последниот квартал од 2024 година има забележано раст од 2,4 отсто, а дека за целата  година тој изнесува 2,8 отсто. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) има оценето дека САД имаат највисок раст од сите земји на групата Г-7 на најмоќните економии во светот.

Во излагањето е точно дека во февруари годинава Америка има најмалку илегални премини ( на границата со Мексико) . Станува збор за 8,500 мигранти ( за кои се знае) и во услови на воена блокада.

Но е  измислица трамповото тврдење дека во бајденово време влегле дури 21 милион. Нема таков доказ , а сите кои се влезени, не останале во САД. Во земјата има 11 милиони илегалци, од кои една петина се дојдени пред 2010 година , а најголем дел се од осумдестите години.

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе