Крадец голтнал украдени наушници
Еден крадец во Флорида голтнал скапи наушнци од најпознатата продавница за накит „Тифани“ пред да биде уапсен од американската полиција. Украдените наушници се проценети на половина милион долари.
Инцидентот се случил во градот Орландо, каде извесен Џејтан Гилдер во „Тифани“ лажно се претсваил како застапник на угледни, добро платени професионални спортисти, па му покажале неколку примероци од овој скап накит.
Гилдер , меѓутоа, ги украл наушниците и си заминал од продавницата. Велат дека избегал со трчање, но полицајците кои тргнале по него го настигнале. Забележале дека забрзано голта нешто, сомневајќи се дека се украдените наушници.
Станува збор за два пара од овој накит во вредност од 77о илјади долари. Полицијата соопштила дека има украдено и еден дијамантски прстен што му испаднал при бегството.
Полицијата подоцна има прикажано рендгенска снимка од неговиот стомак на кој се гледаат украдените предмети, но нема објаснување за тоа дали украдениот накит бил изваден.
За Гилдер се вели дека од „Тифани“ има украдено и во Тексас, во 2022, додека во Колорадо има педесетина налози за негово апсење.
