Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Крадец голтнал украдени наушници

Крадец голтнал украдени наушници

Еден крадец во Флорида голтнал скапи наушнци од најпознатата продавница за накит „Тифани“ пред да биде уапсен од американската полиција. Украдените наушници се проценети на половина милион долари.

Инцидентот се случил во градот Орландо, каде извесен Џејтан Гилдер во „Тифани“ лажно се претсваил како застапник на угледни, добро платени професионални  спортисти, па му покажале неколку примероци од овој скап накит.

Гилдер , меѓутоа, ги украл наушниците и си заминал од продавницата. Велат дека избегал со трчање, но полицајците кои тргнале по него го настигнале. Забележале дека забрзано голта нешто, сомневајќи се дека се украдените наушници.

Станува збор за два пара од овој накит во вредност од 77о илјади долари. Полицијата соопштила дека има украдено и еден дијамантски прстен што му испаднал при бегството.

Полицијата подоцна има прикажано рендгенска снимка од неговиот стомак на кој се гледаат украдените предмети, но нема објаснување за тоа дали украдениот накит бил изваден.

За Гилдер се вели дека од „Тифани“ има украдено и во Тексас, во 2022, додека во Колорадо има педесетина налози за негово апсење.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе