Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Трамп на плажа- во Газа

Трамп на плажа- во Газа

Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објаи видео снимка, создадена со помош на вештачка интелигенција, без притоа да остави било каков коментар.

Сите кој ја имаат посетено страницата и ја виделе снимката, меѓутоа, се согласуваат дека коментарот се гледа.

Затоа што е прикажана  Газа, појасот на брегот на Медитеранот, целосно разурнат од борбите меѓу израелската армија и палестинската терористичка организација Хамас , како се трансформирала во современ, крајбрежен град,преполн со хотели и со луѓе.

Ваквата визија доаѓа по трамповата идеја , да се преселат Палестинците од Газа , да се урнат и расчистат урнатините и на ослободениот  терен , Американците кој би станале сопственик на појасот, да се изградат туристички  комплекси.

Видеото е исполнето со луксуз и гламур, со забава „а ла Лас Вегас“ и со многу пари.  На него потоа, се појавува Илон Маск, создаден со АИ техниката кој фрла долари меѓу насобраните луѓе, додека во центарот на вака создадениот град е поставен висок споменик на Трамп кој се забавува танцувајќи.

И тоа не е се-откако на видеото се појавува и сцена на која Трамп и Бенјамин Нетанијаху , во гаќи за капење, со пиво во рацете, се сончаат на сонцето во Газа, уживајќи покрај брегот на Медитеранот.

Зашто на Трамп и на Маск им требало сето ова, нема објаснување од Белата куќа и од администрацијата  во Вашингтон. Останува впечатокот дека е крајно невкусно и недолично за еден претседател на Америка,без разлика на неговата  желба да се популаризира една негова откачена идеја.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе