Повеќе за руска нафта отколку за Украина
ЕУ во минатата година , потрошила повеќе пари за купување нафта и гас од Русија, отколку за финансиска помош за Украина, тврди во својот извештај Унијата.
Извештајот кој се појавува на третата годишнина од руската агресија се повикува на истражувањето на Центарот за истражување на енергетиката и чистиот воздух, според кој во третата година од војната Унијата има откупено руска нафта и гас за 21, 9 милијарди евра.
Без разлика на напорите на земјите членки да се намали зависноста од руските горива со кои, инаку, Москва ја финасира војната против Украина.
Апсурдна ситуација
Во исто време, во 2024 година, ЕУ на нападнатата земја која Русите ја парчосуваат и има дадено 18,7 милијарди евра помош.
Експерти за лондонски „Гардијан„ изјавиле дека купувањето руски гас и нафта е исто како и на Русија да и се дава финансиска помош- за да ја одржува војната- па затоа сметаат дека таа пракса, означена како апсурдна, мора веднаш да престане.
Во секој случај, во третата годишнина од војната, Русија има заработено 240 милијарди евра на глобално ниво, дека за трите години, од инвазијата во февруари 2022 година, дури 845 милијарди евра.
Русија половината од своите приходи ги добива од нафтата и гасот, настојувајќи постојано да изнајде начини да ги заобиколи санкциите- превезувајќи ги горивата со стари и танкери, познати како „флота во сенка“ за која не се знае дека постои. Продавајќи го горивото, преработено во странство, како производ на трети земји.
„Фантомски танкери“
Мерките против „фантомските танкери„ се дел од најновиот 16-ти пакет санкции на ЕУ против Русија.
Експерти на кои се повикуваат европски медиуми, сугерираат намалување и на протокот низ гасоводот “Турски поток“.
Според нив, погрешно е да се критикува помошта за Украина, како политичка кампања за домашни потреби, затоа што Германија, на пример, има дадено повеќе пари за помош, за ослободување на Кувајт ( во 1990/1991 година) отколку за Украина за ист период од две години
